Меѓународни стандарди за спречување на перење пари за крипто се очекуваат во октомври

The Financial Action Task Force (FATF) соопшти дека се приближува до воспоставувањето на глобален сет на стандарди за спречување на перење пари (AML) за криптовалути, објави Financial Times на 19-ти септември.

FATF е меѓународна организација формирана во 1989-та година на иницијатива на Г7 со цел да се развијат политики и стандарди за борба против перењето пари. Опсегот на активностите на FATF дополнително се прошири за борба против финансирањето на тероризмот. Моментално се состои од 35 земји-членки и 2 регионални организации.

Претседателот на агенцијата Маршал Билингслиа, наводно, изјави дека очекува координација на низа стандарди кои ќе ги затворат “празнините” во глобалните стандарди на AML на пленарната седница на FATF во октомври.

Во тоа време, FATF ќе дискутира за кои постојни стандарди треба да се прилагодат кон дигиталните валути, како и да ги ревидираат методите за оценување како земјите ги спроведуваат тие стандарди. Билингслиа исто така ја истакна важноста на развивање на стандарди кои можат да се применат на единствен начин.

Според Билингслиа, сегашните AML стандарди и режими за криптовалутите се “многу крпен или неправилен процес”, што создава “значајни пропусти за националните и меѓународните финансиски системи”. Билингслиа, истакна дека и покрај ризиците поврзани со овој вид на средства, дигиталната валута како класа на средство претставува “одлична можност”.

Во јуни, беше објавено дека FATF планира да започне да развива обврзувачки правила за крипто-берзите подоцна истиот месец. Новите правила ќе бидат надградба на необврзувачките резолуции кои беа одобрени од FATF во јуни 2015-та година, земајќи предвид дали постојните упатства за мерките за спречување на корупција и пријавување на сомнителни трговски активности сѐ уште се соодветни, и ако можат истите да се применат на нови платформи.

Претходно овој месец, Белгискиот експерт Брегел, исто така, повика на унифицирано легислативи за криптовалутите и поголема контрола врз тоа како тие се дистрибуираат до инвеститорите. Брегел истакна дека виртуелната природа на криптовалутите го ограничува развојот на прописите, наведувајќи дека двојниот пристап кон крипто-регулациите остава можност за регулаторна арбитража.

Leave a comment