Меѓународните банкари тврдат дека крипто средствата не претставуваат ризик за финансиската стабилност

Меѓународните централни банки и финансиски претставници сметаат дека криптовалутите не претставуваат значителен ризик за глобалната економска стабилност, според извештајот објавен од страна на Одборот за финансиска стабилност (FSB), во средата на 10-ти октомври.

FSB – меѓународна организација која се состои од 68 локални институции како што се централни банки, мониторинг групи и министерства за финансии кои подготвуваат препораки за глобалните финансиски системи – објави документ со нивни наоди наречен “Пазарите на крипто средства: потенцијални канали за импликации за финансиската стабилност во иднина”.

Според извештајот, банкарите не гледаат значителни опасности во криптовалутите, бидејќи нивната вкупна пазарна капитализација а време на својата највисока точка изнесуваше 830 милијарди долари и оттогаш падна на 210 милијарди долари, што едвај достигнува 2 проценти од глобалната вредност на златото. Сепак, FSB ги повикува регулаторите внимателно да го следат пазарот на дигитални монети во услови на брз раст.

Исто така, FSB вклучува предупредување за евентуални ценовни манипулации поврзани со крипто, истакнувајќи:

“Неликвидноста, концентрираната сопственост, фрагментираната структура на пазарот, како и други слични проблеми, исто така, ги прават крипто средствата потенцијално подложни на манипулација со цените.”

Покрај тоа, меѓународната организација нагласи дека крипто индустријата покренува некои политички прашања, како што се заштитата на потрошувачите и инвеститорите.

Ова следи по претходниот извештај на FSB од јули, кој беше презентиран пред министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки. Организацијата изјави дека за криптовалутите ќе им треба длабински мониторинг поради брзиот развој на пазарот, иако воопшто не претставуваа закана.

Во мај, Меѓународниот монетарен фонд (IMF), исто така, изјави дека не гледа ризици од криптовалутите во врска со финансиската стабилност на глобалните пазари. Меѓутоа, IMF истакна дека тие би можеле да претставуваат одредена закана доколку стануваат се пошироко распространети без соодветна регулатива.

Leave a comment