Мексиканската државна банка објави построги правила за платформите за крипто-размена

Сите платформи за крипто-размена и банките кои обезбедуваат крипто-услуги во Мексико сега ќе бидат обврзани да добијат дозвола од Банката на Мексико (Banxico), според циркулар од објавен на 10-ти септември во официјалниот весник на Мексиканската влада, Diario Oficial de la Federacion.

Во писмото наречено “Општи одредби за операции поврзани со електронските платежни фондови” се наведува дека Banxico е одговорен за издавање на крипто-дозволи. За да се добие една, компанија која се занимава со дигитални валути мора да обезбеди детален бизнис план со опис на нивното работење, комисии што тие планираат да ги наплаќаат, како и механизмот што ќе го користат за да го потврдат идентитетот на клиентот.

Дополнително, на банките не им е дозволено да прават криптовалути достапни за корисниците ако нивните акаунти се креирани истиот ден. Финансиските субјекти, исто така, се должни да ги идентификуваат сите корисници вклучени во крипто-тргувањето. Понатаму, сите средства стекнати од крипто-корисниците треба да поминат низ дополнителни валидациски проверки. Според Banxico, овие мерки ќе помогнат спречување на перење пари и нелегални активности.

Според весникот Criptonoticias, институциите заинтересирани за добивање согласност од Banxico морале да ги достават своите апликации до 11-ти септември. Меѓутоа, тие можат повторно да аплицираат во март 2019-та година, кога се очекува нов fintech нацрт-закон.

И покрај новите регулативи издадени од Banico, Мексико наскоро може да се соочи со рипто-бум до крајот на 2018-та година, според Амир Манзур, основачот на локалната платформа за крипто-размена Cubobit. Манзур за Forbes Mexico изјави дека воведувањето на сеопфатен закон за fintech во март само ќе ја зајакне довербата на потрошувачите во дигиталните валути, охрабрувајќи ги луѓето да инвестираат и понатаму.

Leave a comment