Медиуми: Ко-основачот на платформата за размена BitMEX, стана “најмладиот” биткоин милијардер во Велика Британија

Ко-основачот на BitMEX платформата за крипто размена и дипломец на Оксфорд, Бен Дело, самостојно стана најмладиот британски милијардер, објави Daily Mail на 2-ри јули.

На 34-годишна возраст, Дело, кој го основа BitMEX во 2014-та година, изјави за Daily Mail дека потрошил 18 часа дневно за да ја изгради својата платформа. Неговата работа очигледно се исплати, бидејќи BitMEX е моментално една од најголемите платформи за размена на крипто во светот со дневен обем од околу 2 милијарди долари, според податоците на Coinmarketcap.

“Се имав посветено во овој стартап изминатите четири години. Во некои денови  работев дури по 18 часа.”

Дело дипломирал на Ворчестер Универзитетот на Оксфорд во 2005-та година со највисоки оцени по математика и информатика. Со искуство како софтверски инженер на IBM и помошник-потпретседател во JP Morgan, најмладиот британски биткоин милијардер сега живее во Хонг Конг, според Daily Mail.

Дело изјавил дека го имитира водењето на скромен начин на живот на американскиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет и претприемачот Бил Гејтс, тврдејќи дека тој претпочита да ги донира своите пари на разни добротворни организации.

Во јануари, претставник на BitInfoCharts тврди дека компанијата проценила дека ширум светот немало помалку од 35 биткоин милијардери, а можеби дури и бројката достигнала 200.

Во декември, близнаците Винклвос излегоа на насловни со тоа што станаа првите “официјални” биткоин милијардери, наводно држејќи околу 91.666 биткоини, во вредност од околу 1.063 милијарди долари во тоа време.

Leave a comment