Мајк Новограц: Web 3.0 ќе го промени светот, а не биткоин

Најголемата криптовалута на светот, биткоин (BTC), нема да го промени светот, бидејќи е само артикл од вредност, изјави генералниот извршен директор на Galaxy Digital, Мајкл Новограц, на Ethereal Summit на ConsenSys на 11-ти мај.

Големиот Биткоин bull и поранешен извршен директор од Вол стрит Новограц, ги даде своите коментари за време на говорот насловен како “The Herd Is Still Coming!” на индустрискиот настан.

Почнувајќи од биткоин, “затоа што беше креиран прв”, Новограц тврдеше дека монетата “навистина се заснова себеси како артикл од вредност”, истакнувајќи дека е “е скоро готова” во смисла на исполнување на нејзината намена како артикл од вредност. Новограц, исто така, го споредува ова средство со златото, тврдејќи дека и двете имаат вредност како социјален конструкт.

Бидејќи биткоин претставува артикл од вредност или делува како “дигитално злато”, “нема да го промени светот”, тврди Новограц. Тој понатаму изјави дека наместо тоа, web 3.0 има “потенцијал да го смени светот”. Според Новограц, web 3.0 предвидува револуција во тоа како  функционираат мрежите и податоците се третираат како “децентрализирана платформа за обработка на информации. Тоа ги одвојува податоците од обработката.” Инвеститорот забележа дека јавните екосистеми како што се Eтереум и “многу конкуренти се борат за овој простор.”

Споредувајќи различни криптовалути со хемиски елементи во периодниот систем, Мајк исто така, ја има предвид улогата на altcoins, навестувајќи дека секоја монета ќе мора “да се докаже” за да обезбеди одреден случај на употреба. За оваа белешка, Новограц тврди дека “никој не гради ништо на блокчејнот на  litecoin”, наспроти блокчејнот на Етереум, кој упатува на негов неодамнешен твит.

Неодамна Новограц направил уште едно предвидување за биткоинот, тврдејќи дека главната криптовалута ќе ги помине сите рекорди од 20.000 долари во текот на следните 18 месеци.

Во меѓувреме, крипто пазарите имаа добивки уште од петокот, при што биткоин порасна за 10 отсто денеска од прес време, со што ја премина границата од 7.000 долари, по тргувањето од околу 4.000 американски долари за поголем дел од 2019-та година.

Leave a comment