Марк Цукерберг размислува за блокчејн авторизација на податоците во последното интервју

Извршниот директор и основач на Facebook, Марк Цукерберг, ги разгледуваа последиците од одобренијатa базирани на блокчејн за кориснички податоци за време на интервјуто со професорот по право на Харвард, Џонатан Цитраин, на 20-ти февруари.

За време на дискусијата за теми како што се иднината на технологијата и општеството, Цукерберг истакна дека “мисли дека [Facebook] се децентрализирана сила во светот”. Цукерберг изјави дека луѓето од неговата генерација навлегле во технологијата, бидејќи им дава на поединците моќ и не е масовно централизирана”.

Цукерберг спомена дека размислува за потенцијален случај на користење блокчејни со кој корисниците би можеле да имаат контрола над нивните податоци, додавајќи: “Во суштина, ги земате вашите информации, ги чувате на некој децентрализиран систем и имате избор да се логирате на места без да поминете низ посредник”.

Тој истакна дека “релативно интензивните” процеси на децентрализирана технологија, би можеле во иднина да се надминат, исто така постојат и морални импликации.

“Мислам дека поинтересните прашања немаат изводливост во блиска иднина, туку се филозофски прашања за добрината на еден систем како овој”, изјави Цукерберг. Тој изјави дека децентрализираниот систем може да им даде на корисниците поголема контрола врз нивните податоци, но исто така може да доведе до поголема злоупотреба, и било каков регрес би бил многу потежок отколку на централизиран систем.

Цукерберг изјави дека еден пример за тоа како компанијата се движи кон подецентрализирана структура е преку нудење енкрипција во своите пораки. Цукерберг ги нагласи придобивките од енкрипција како приватност и безбедност, но дополнително ја нагласи важноста на безбедноста, со оглед на тоа што “луѓето со право очекуваат од нас [Facebook], дека ќе сториме се што можеме за да ги спречиме терористите да регрутираат или луѓе да искористуваат деца”.

Претходно овој месец Facebook, наводно, го купил Chainspace како свое прво очигледно купување поврзано со блокчејн. Стартапот, наводно, работеше на проблеми со приспособливост на блокчејните, особено со примена на sharding на паметни договори. Facebook, наводно, го купил стартапот првенствено поради вештините и стручноста на неговиот персонал, наместо за услугите или производите што ги нуди компанијата.

Leave a comment