Малтешката финансиска мониторинг група ги предупредува глобалните инвеститори за ‘Bitcoin Revolution’ измамата

Управата за финансиски услуги на Малта (MFSA) издаде предупредување против наводната глобална измамничка шема на позната како “Bitcoin Revolution”, според официјален документ објавен на 25-ти јануари.

Според Малтешкиот регулатор, наводната крипто-измама претставува типична збогати-се-брзо шема и функционира преку веб-страницата -bitcoinrevolution.org и неколку други неименувани веб-страници.

Измамниот ентитет, исто така, наводно, ја промовира својата шема со користење на рекламирање на неодредени платформи за социјални медиуми, кои ги пренасочува корисниците на страници кои содржат голем број истакнати локални личности кои тврдат дека прават големи профити од крипто инвестициите. Изјавата со предупредувањето забележува дека корисниците се пренасочуваат кон тие страници без нивна согласност.

MFSA нагласи дека до денес ниту еден субјект не е овластен според Законот за Виртуелни финансиски средства (VFA), кој беше донесен во јули 2018-та година до денес. Финансискиот надзорник понатаму нагласи дека  “Bitcoin Revolution”, не е регистрирана ниту во Малта, ниту е лиценцирана да обезбедува финансиски и инвестициски услуги таму.

По предупредувачка белешка од која се бара од глобалните инвеститори внимателно да ги разгледаат одредени оператори на финансиски услуги пред да инвестираат, МFSA обезбеди листа на субјекти кои имаат лиценца од МFSA која е достапна на официјалната веб страница на регулаторот.

Измамата “Bitcoin Revolution” за првпат беше објавена од страна на бројни Малтешки локални личности на 10-ти јануари. Според извори од локалните медиуми,  “Bitcoin Revolution” шемата првично беше пронајдена на веб-страницата наречена Major News, на која беа прикажани двајца домаќини на локално шоу, кое тврдеше дека Малтешкиот актер и ТВ-ѕвезда Давид Тучи го претворил својот депозит од 250 евра на 483 евра “во рок од три минути” со користење на Bitcoin Revolution.

Leave a comment