Малта ќе ги чува образовните сертификати на блокчејн

Во Малта, сите образовни сертификати ќе бидат зачувани на блокчејн, објави локалниот медиуми на англиски јазик MaltaToday.

Иницијативата, наводно, е зголемувањето на двогодишниот тест-проект за вклучување на сите училишта во државата, вклучувајќи ги и свидителствата за средно училиште издадени од државата, црквата и самостојните училишта. Според извештајот,Малтешката влада потпишала двегодишен договор со софтверската компанија Learning Machine, за да се надгради за горенаведениот тест проект.

За време на церемонијата на потпишување во Кастиља, премиерот Џозеф Мускат наводно тврдеше дека Малта е првата земја во светот која ги стави сите образовни сертификати на блокчејн. Тој исто така е цитиран во статијата велејќи:

“Во 2017-та година, ние рековме дека Малта ќе стане блокчејн остров, и тоа и стана”.

Универзитетот во Бахреин исто така издава дипломи на блокчејн. Trade Arabia објави дека блокчејн иницијативата на универзитетот е дел од севкупната стратегија за дигитализација.

Институтот за технологија во Масачусетс (МIT), исто така, издаде дигитални сертификати засновани на блокчејн на повеќе од 100 дипломирани студенти, како дел од тест-програмата од средината на октомври 2017-та година. Сертификатите, наводно, беа издадени преку специјална апликација, која им овозможи на дипломираните студенти да споделат “заштитена” и “верификувана” дигитална верзија на нивните сертификати со потенцијалните работодавци и други страни.

Во декември 2016-та година, се појавија вести дека владата на Кенија го користи решението за блокчејн на IBM за развој на непроменлив и транспарентен систем за управување со образованието.

Во јули минатата година, Малтешката влада усвои група на закони што обезбедија правна сигурност за бизнисите поврзани со крипто и блокчејн. Силвио Шембри, помлад министер за финансиски услуги, дигитална економија и иновации во Кабинетот на премиерот на Малта, изјави за новите закони:

“Трите нацрт-закони што ќе ја регулираат дистрибуираната ledger технологија (DLT) се одобрени од страна на Парламентот и усвоени како закон. Малта, прва светска јурисдикција која обезбеди правна сигурност за овој простор.”

Leave a comment