Малта усвои три важни закони како дел од планот за “Блокчејн Остров”

Малта превзеде значаен чекор кон станувањето “Блокчејн Остров”.

Објавено во вторникот од страна на Силвио Шембри – Малтешки пратеник и секретар на парламентот одговорен за финансиските услуги, дигиталната економија и иновации – парламентот на островската држава усвои три нацрт – закони во врска со криптовалути, блокчејн и дистрибуирана технологија за финансиско сметководство (DLT), означувајќи го како еден од првите јурисдикции во светот што усвоиле специфични закони околу оваа технологија.

Нарекувајќи ја веста “прва во светот”, Шембри, кој ги претстави сите три нацрт-закони во парламентот, објави на Твитер:

Трите закони со број 43, 44, 45 – се насловени како “Закон за иновативни технологии и услуги”, “Закон за виртуелна финансиска актива” и “Закон за дигитални иновации на Малта”, соодветно.

Со оглед на тоа дека сега законите се усвоени, од нив се очекува да и помогнат на Малтешката влада како подобро да го прифати блокчејн и да ја постигне својата цел во станувањето меѓународен крипто бизнис-центар.

Законот број 45, на пример, ќе помогне во креирањето Управа за дигитални иновации на Малта, која првенствено ќе биде задолжена за промовирање и развивање на блокчејн индустријата во Малта, според јавните документи.

Овие мерки, исто така, обезбедуваат регулации за првичните монетарни понуди (ICO) и ги утврдуваат регулаторните овластувања на Управата за дигитални иновации во оваа сфера.

Во неговиот твит, Шембри, исто така, откри дека Стивен Мекарти, поранешен извршен директор на Агенцијата за домување на земјата, е назначен за главен извршен директор на новиот орган.

Владата на оваа микродржава е позната по својот пријателски пристап кон блокчејн технологијата, која веќе привлече многу крипто бизниси – вклучувајќи големи имиња како Binance и OKEx платформите за размена – да постават своја продавница во земјата.

Leave a comment