Малопродажниот гигант Carrefour лансираше блокчејн платформа за следење на храна и живина во Шпанија

Малопродажниот гигант Carrefour, со седиште во Франција, кој работи во повеќе од 30 земји, воведува втора платформа за следење на храна базирана на Hyperledger во својата Шпанска мрежа, се вели во соопштението на 20-ти ноември.

Решението за следење на храна, првично развиено од Американската технолошка корпорација IBM, ќе се користи за следење на кокошки со ознака “Calidad y Origen” (“квалитет и потекло”), кои беа одгледани во северниот регион Галиција без антибиотски третман. Секој пакет во Шпанската мрежа ќе биде обележан со QR-код со детални информации за датумот на раѓање на кокошките, типот на исхрана, датумот на пакување и друго.

Во соопштението за печатот, Carrefour пишува дека блокчејнот е клучна технологија за снабдувачки синџири, бидејќи обезбедува поголема транспарентност и им овозможува на клиентите да го разгледаат целиот процес на дистрибуција. Во блиска иднина, компанијата планира да ја прошири употребата на децентрализирани технологии, имплементирајќи ги на целата храна од линијата “Calidad y Origen”.

Careffour веќе го тестира блокчејн следењето на Француската живина во почетокот на 2018-та година, изразувајќи ја својата посветеност кон децентрализирани решенија.

Во октомври, малопродажниот гигант објави дека се приклучува на блокчејн базираниот Food Trust на IBM, кој беше формиран уште во 2016-та година. Од почетокот на испитувањата во август, на програмата им се приклучија и големите трговци и компании, како што се Nestle SA, Unilever NV и Walmart.

Други фирми со големи снабдувачки синџири честопати аплицираа за блокчејн со цел да ја зголемат транспарентноста, да ги намалат трошоците и да го намалат времето потрошено за испорака на храна. На пример, Walmart користи фарма-до-продавница блокчејн систем за следење на своите лиснати зеленчуци, додека синџирот на брза природна кујна на Sweetgreen во САД планира да ги следи салатите на ист начин.

Како и да е, четирите најголеми земјоделски компании во светот, главно познати како ABCD, користат блокчејн и вештачка интелигенција (AI) за автоматизирање на процесот на пост-трговија на жито и масло, кој се смета за дел од синџирот на снабдување кој се извршува рачно и е доста скап.

Leave a comment