Малезија од денес започнува со регулирање на криптовалути

Министерот за финансии на Малезија објави дека наредбата за регулирање на криптовалутите и ICO како хартии од вредност стапила во сила. Давателите на крипто услуги и берзите е потребно да добијат овластување од Комисијата за хартии од вредност во земјата, која ќе работи со централната банка за да осигура усогласеност.

Регулирање како хартии од вредност

Малезискиот министер за финансии, Лим Гуан Енг, во понеделникот изјави дека неговата земја “ќе ги регулира ICOs и трговијата со криптовалути”, објави  Reuters, додавајќи:

Налог за признавање на дигитални валути и дигитални токени како хартии од вредност ќе стапи на сила на 15-ти јануари, според регулативата на Комисијата за хартии од вредност на Малезија [SC].

Наредбата е позната како “Наредба за пазари на капитал и услуги 2019 (препораки на хартии од вредност) (дигитална валута и дигитален токен).” Криптовалутите, ICO и нивните поврзани активности мора да се усогласат со релевантните закони за хартии од вредност и да бидат одобрени од комисијата, објасни министерот.

Следејќи ја изјавата на Лим, Комисијата за хартии од вредност на Малезија потврди дека “ќе ги воведе насоките за регулирање на понудата и тргувањето со дигитални средства”. Регулаторот забележа дека “понудата на дигитални средства, како и поврзаните активности со неа, ќе бара овластување од SC и усогласеност со релевантните закони и прописи за хартии од вредност “, елаборирајќи:

Упатствата, меѓу другото, ќе ги утврдат критериумите за утврдување на способност и исправност на издавачите и операторите на берзите, стандардите за објавување и најдобрите практики во откривањето на цените, правилата за тргување и заштитата на средствата на клиентот. Оние што се занимаваат со дигитални средства ќе треба да ги воведат правилата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (AML / CFT), сајбер безбедноста и мерките за континуитет во работењето.

Понатаму, комисијата изјави дека “ќе склучи договори за координација” со Банката Negara Malaysia, централната банка на земјата, со цел “да обезбеди усогласеност со законите и регулативите под надлежност на двата регулатори”. Покрај тоа, регулаторот откри дека “Релевантната регулаторна рамка се очекува да биде лансирана до крајот на првиот квартал од 2019-та година.”

Лим беше цитиран од страна на The Star тврдејќи: “Секое лице кое нуди ICO или врши размена на дигитални средства без одобрение на SC, може да биде казнето, со пресуда, со затвор до десет години и парична казна не поголема од 10 милиони Малезиски рингити или 2.44 милиони долари.”

Министерството за финансии гледа потенцијал

Министерството за финансии “ги гледа дигиталните средства, како и блокчејн технологијата, со потенцијал да донесат иновации во старите и новите индустрии”, додава Ли, објаснувајќи:

Особено, ние веруваме дека дигиталните средства имаат улога како алтернатива за прибирање на средства за претприемачи и нови бизниси, како и алтернативна класа на средства за инвеститорите.

Во меѓувреме, Bank Negara Malaysia во неколку наврати изјави дека криптовалутите не се законски средства за плаќање во земјата. Централната банка ја советуваше јавноста внимателно да ги процени ризиците поврзани со нивното справување.

Bank Negara Malaysia објави листа на компании кои се изјасниле како крипто берзи или даватели на услуги, но истакна дека не ги лиценцирала ниту овластила овие бизниси. Меѓу компаниите на листата се Belfrics Malaysia, Bit Malay, Bitpoint Malaysia, Bit Trade Enterprise, Bong Technology, Bxm, Luno Malaysia, Openbit, Udax International, Upbit Malaysia и Xbit Asia.

Leave a comment