Малезија започна програма за доделување работна виза на блокчејн професионалци

Малезија започна програма за работна виза насочена кон технолошките фриленсери, како што расте побарувачката за блокчејн работни места, објави локалниот весник Star на 18-ти јуни.

Малезиската корпорација за дигитална економија (MDEC) – организација во државна сопственост која го надгледува технолошкиот сектор – организацијата Nem Foundation и пазарот за работни места Jobbatical заеднички ја започнаа програмата.

Програмата има за цел да привлече странски професионалци кои ќе имаат право да останат во земјата до 12 месеци за да обезбедат услуги поврзани со блокчејн или да се обучуваат во Малезиска компанија.

Потпретседателот за развој на екосистеми на MDEC, Норхизам Абдул Кадир, изјави: “Ние ќе ја стартуваме програмата почнувајќи со блокчејн работни места. Бројот на визи што треба да се издаде зависи од проектите што ќе бидат водени од страна на блокчејн компаниите во Малезија”.

Како што претходно беше објавено, Nem Foundation воспостави блокчејн центар на NeM во објект од 10.000 квадратни метри во главниот град Куала Лумпур, за да служи како акцелератор, инкубатор и coworking простор. Во центарот, исто така, се наоѓа NEM Blockchain Innovation Lab, седиште за истражување и развој на NEM платформата.

Минатиот јуни, член на Малезискиот владин советодавен комитет, Маџлис Перундинган Мелају, потпиша меморандум за разбирање со Јужнокорејската блокчејн лабораторија IncuBlock за законски блокчејн технолошкиот развој дозволен според шеријатскиот закон. Страните имаат за цел да развијат блокчејн платформа и децентрализирана апликација која ќе ги задоволи социјалните барања кои се сметаат за халал (дозволени) од страна на шеријатската комисија.

Во септември минатата година, владата на Хонг Конг објави иницијатива која се обидува да привлече професионалци во дистрибуираната ledger технологија со поедноставување на имиграционата политика.

Leave a comment