Малезиската влада и универзитетите се здружија во обидите да ги стават дипломите на блокчејн

Министерството за образование на Малезија формираше нов конзорциум на универзитети за искористување на блокчејн технологиите во справувањето со масовната индустрија со лажни сертификати.

Министерството за образование објави во соопштение на Twitter во четвртокот, дека заедно со новиот конзорциум од шест универзитети, започна со блокчејн систем, наречен e-Scroll, за издавање и верификација на универзитетските дипломи.

Решението, како што се вели, беше поттикнато од порастот на случаи на лажни издадени дипломи и леснотијата со која тие можат да се добијат преку интернет.

Цитирајќи извештај од BBC Radio во кој се опишува “неверојатна” трговија со лажни дипломи од јануари, од Министерството за економија изјавија  дека “купувачите се подготвени да потрошат до половина милион фунти на лажни документи”, додавајќи дека “такво сценарио исто така не е непознато во Малезија.”

Министерството соопшти дека идејата за систем базиран на блокчејн за прв пат е воведен во јануари од страна на Советот на ICT декани и се очекува да ја подобри ефикасноста, заедно со докажување на сертификатот.

Во соопштението се наведува дека Малезиските универзитети во моментов примаат “илјадници барања на глобално ниво” за да ги потврдат дипломираните студенти – процес кој сè уште во голема мера се прави преку телефон и електронски пораки, “кои придонесуваат за нивната неефикасност”.

Изработен од тим од International Islamic University (IIUM), Министерството за економија објави дека системот ги складира податоците за сертификатот на NEM блокчејн и обезбедува онлајн верификација “за неколку секунди” кога QR-код од сертификатот на дипломата е скениран.

За првата фаза на проектот, докторантите од IIUM кои дипломираат на 10-ти ноември ќе ги имаат своите дипломи веќе логирани на системот. Министерството соопшти дека ги охрабрува другите универзитети да се приклучат кон конзорциумот.

“Иако, таков систем може да се изгради и на други блокчејни, NEM беше избран поради неговите уникатни карактеристики во управувањето со барањата за следење и автентикација”, додаде тој.

Leave a comment