Луксембург го усвои нацрт-законот за блокчејн

Луксембуршките пратеници го усвоија нацрт-законот 7363, олеснувајќи ја употребата на блокчејн технологијата во финансиските услуги, според официјалното соопштение објавено од страна на парламентот на земјата, Домот на делегатите, на 14-ти февруари.

Новиот закон има за цел на учесниците на финансискиот пазар да обезбеди поголема транспарентност и правна сигурност во врска со прометот на хартии од вредност со блокчејна технологија. Предлог-законот исто така е наменет да го направи трансферот на хартии од вредност поефикасен со намалување на бројот на посредници.

Според локалните вести Luxembourg Time, законот им доделува на трансакции направени со блокчејн технологија ист правен статус и заштита како оние направени преку традиционални средства. Од 60 пратеници, само двајца членови на левичарската партија déi lénk, наводно, гласале против законот.

Луксембург е познат по својот проактивен пристап кон блокчејната технологија. Во ноември 2018-та година, Универзитетот во Луксембург се здружи со платформа за тргување VNX Exchange со седиште во Луксембург, во обид да ја подобри безбедноста на дигиталните средства. Во рамките на соработката, Универзитетот во Луксембург наводно му помага на VNX да развие повисоки нивоа на мрежна безбедност за дигитални средства.

Во март, Луксембуршкиот финансиски регулатор CSSF издаде предупредување против инвестициите во криптовалути и ICOs. Регулаторот забележа во предупредувањето дека криптовалутите не се поддржани од било која централна банка, и предупреди против нестабилноста на виртуелните валути, нагласувајќи дека договорите честопати не се целосно транспарентни и бизнис-моделите се неразбирливи.

Во меѓувреме, студијата спроведена од истражувачката компанија  Ipsos во име на Холандската ING Bank B.V. во јуни покажа дека најниската стапка на луѓе кои поседуваат криптовалути – 4 проценти – е во Луксембург.

Leave a comment