Лондонската школа за економија воведува oнлајн крипто-курс

Лондонската школа за економија (LSE) ќе понуди онлајн курс за инвестирање во криптовалути, почнувајќи од август 2018-та година, објави Financial Times во понеделникот на 9-ти јули.

Според соопштението, новиот курс наречен “Cryptocurrency Investment and Disruption”, ќе им помогне на учениците да научат некои “практични вештини за комуникација со платформите за размена на криптовалути”, вклучувајќи како да се користат cryptocurrency wallets, како и “аналитичка евалуација” на монетарните понуди (ICOs).

LSE, која е ‘алма матер’ на 36 “светски лидери” и 18 лауреати на Нобелова награда, тврди дека е позната по мотото “да се разберат причините за нештата”. Со воведувањето на курсот, универзитетот има намера да им помогне на глобалните “приватни организации, индивидуални инвеститори, фирмите за финансиски услуги, владите”, како и на “регулаторни тела” за да се добие претстава за “мошне хаотичниот тренд “на крипто.

“Експоненцијалниот раст и нестабилноста на криптовалутите и дистрибуираната ledger технологијa, која ги поткрепува, доведоа до глобален интерес за крипто-средства, ICO и дистрибуција на дигиталното богатство”.

Онлајн курсот е предводен од д-р Карстен Соренсен, вонреден професор по информациони системи и иновации. Составувајќи шест модули кои содржат до 60 часови, учеството во курсот ќе чини 1.800 евра, или приближно 2.116 долари.

Денес исто така, беше објавено дека Универзитетот на Малта ќе објави блокчејн дипломски степен што ќе почне да се предава во октомври 2018-та година.

Во февруари, Австралискиот јавен истражувачки универзитет RMIT го започна првиот универзитетски курс на земјата за блокчејн технологија. На 8-неделниот курс се разбира, наречен “Развивање на блокчејн стратегија”, има намера да ги предава не само теоретските аспекти на блокчејн, но исто така и практични вештини потребни за користење на технологијата.

Leave a comment