Лов по богатство кој ги обединува сите крипто играчи во светот

Новата игра со алтернативна реалност содржи илјадници клучеви кои го комплетираат патот до 1 милион долари во Биткоин низ целиот свет, што ги поттикнува играчите да се организираат во тимови, за разлика од оние во популарната книга за млади Ready Player One, со цел да ја добијат оваа награда.

Криптираната порака што беше емитувана на сателитот на Blockstream на 13-ти април беше предизвик за сите потенцијални играчи да учествуваат во “богатството на Сатоши”, опишан како натпревар за “тестирање на решителност, храброст, разузнавање и итрината на потенцијалните ловци.”

Вкупно 1.000 фрагменти од приватниот клуч се скриени низ целиот свет, а најмалку 400 од нив се потребни за преместување на средствата. Играчите можат да се здружат, да организираат лов, па дури и да ги продадат своите фрагменти на клучот – речиси нема правила, а оние што постојат, дури и се сведуваат на здрав разум.

Правилата ветуваат дека клучевите нема да бидат скриени во приватна сопственост и дека ловците во никој случај не треба да влезат во тие области ако не се поканети. Тие, исто така, нема да бараат никакво уништување на имот, и ако ловецот смета дека клучот треба да биде уништен за да ги спречи другите да го најдат, творецот ветува дека ќе ги открие на сите клучевите кои овој ловец ги поседувал и на тој начин ќе ги дисквалификува.

Вкупно 20 лица учествуваа во создавањето на играта. Еден од нив е Ерик Мелтцер, коосновач на инвестициската фирма Primitive Ventures, која исто така донираше дел од пленот. Него му се придружија Иан Миерс, ко-творец на privacy монетата Zcash и 18 други неименувани соработници во креирањето на играта – се со цел да се осигура дека никој од нив не ги знае сите локации на пленот. Остатокот од пленот беше дониран од страна на анонимен инвеститор.

Првата индикација се чини дека упатува кон сателитите: “Овие локации може да се откријат преку следење на излезот на примитивните орбитали познати како GALAXY18, EUTELSAT 113, TELSTAR 11N и TELSTAR18V во 13:00 EST, АПРИЛ 14-ти во 2019-та година” стои во пораката. Таа понатаму додава: “Ова не е прв голем лов во историјата, ниту последен, но тоа е МОЈ прв лов, и затоа мора да ми се докажеш. Размислував за серија загатки и предизвици за зголемување на тешкотиите; тие ќе го тестираат дури и најинформираниот ловец или клан.”

“Тоа беше лесно”

“Фидбекот [за првата трага] беше апсолутно голем. Луѓето беа активни на 10-те точки што ги наведовме низ целиот свет, каде што клучевите ќе се појават масовно – некои возеа повеќе од 3 часа за да стигнат до местото.Други сфатиле како да ја одгатнат енкрипцијата што ја користевме и да ги решат трагите без да патуваат (нешто за кое се надевавме дека ќе се случи, но мислевме ќе трае неколку недели – во реалноста се потребни 30 минути ..) “, изјави Мелтцер во Proof of Work медиумот

Според него, луѓето формираат тимови, зборуваат за стратегија, шпекулираат за вредноста на клучевите и каде следните индиции ќе се појават: “Создаваат subreddits, формираат групи на Telegram. Нашиот сиромашен mongoDB станува преоптоварен со регистрирање на нови акаунти.”

Во меѓувреме, GitHub (платформа за девелопери на софтвер), корисникот John Cantrell открива како ги добил првите три клучни фрагменти за неколку минути.

“Бев шокиран! Тоа беше ептен лесно”, изјави тој на крајот од деталното и техничко објаснување.

Други индиции ќе бидат откриени напладне PST (UTC-8) во неделите и сите заинтересирани за учество се слободни да се пријават за известувања. Mелтцер изјави за новинскиот сајт CoinDesk дека тие исто така размислуваат за лансирање на апликација за да им помогне на играчите да следат се што се случува, но таа нема да биде задолжителна. Според него, повеќето од учесниците се многу млади, а голем дел од нив се малолетни лица.

Leave a comment