Листата на најбогати во Кина оваа година вклучува крипто претприемачи

Според годишниот извештај објавен на 10-ти октомври, годишната листа на Hurun China за најбогати личности во Кина, каталог на поединци во земјата со нето вредност од над 2 милијарди јуани (209 милиони долари), се набројуваат неколку крипто претприемачи меѓу Кинеската финансиска елита.

Истражувачкиот институт Hurun ја објави листата на најбогати личности во земјата за 2018-та година, со најмалку 13 претприемачи чиј бизнис е поврзан со фармање и трговија со криптовалути.

Во рангирањето се вклучени личности од индустријата како Микри Жан Кетуан, ко-основач на производителот на компјутерски чипови и софтверска фирма Bitmain Technologies, во првите 100 најбогати луѓе во Кина, со богатство од 29,5 милијарди јуани (2,4 милијарди долари). Следниот најбогат крипто претприемач е ко-основачот на Bitmain, Ву Џиханг, на 204-то место, со лична вредност од 16,5 милијарди јуани (2,3 милијарди долари).

Жао Чангпенг, основач на најголемата платформа за размена на криптовалути Binance, беше рангиран на 230-то место, со проценето богатство од 15 милијарди јуани (2,1 милијарди долари). Жао е проследен од основачот на OKCoin крипто платформата за размена, Стар Ксу и основачот на Huobi, Ли Лин.

Жанг Нангенг, основач на производителот на компјутерски хардвер Canaan Creative, и Ху Донг, основач на производителот на фармачки машини за Биткоин (BTC), Ebang International Holdings, се наведени исто така во извештајот на Hurun.

Листата, исто така, вклучува BTC whale и сериски инвеститор Ли Ксиаолаи, со проценето богатство од 7 милијарди јуани (1 милијарда долари). Неодамна, Ли изјави дека повеќе нема да инвестира во идни блокчејн проекти. “Значи, ако видите негде “Ли Ксиаолаи “поврзано со било кој проект (јас сум бил поврзан со безброј проекти без мое знаење, 99% од нив и не претерувам), само игнорирајте го”, предупреди Ли.

Во последниве месеци, Bitmain стигна и на насловни страници, во кои се тврди дека учествувале и инвеститори од висок профил, како што се Кинескиот технолошки гигант Tencent, инвестициската фирма DST Global и Јапонскиот SoftBank, во pre-IPO на компанијата во август. Компаниите подоцна негираа нивно вклучување. Официјален претставник на Softbank изјави  дека ниту “SoftBank Group Corp.” ниту “SoftBank Vision Fund” не биле вклучени во договорот.

Сингапурската инвестициска компанија Temasek, исто така, официјално го негираше своето учество во IPO Bitmain, наведувајќи дека “Temasek не е инвеститор во Bitmain, и никогаш не склучиле договор со него или инвестирале во него. Извештаите за вестите за нашата вклученост во нивните IPO се лажни. “DST Global, исто така, потврди дека “никогаш не инвестирале” во pre-IPO на Bitmain.

Leave a comment