Ливерпул има за цел да стане “првиот светски климатски позитивен град” со помош на блокчејн технологија

Градскиот совет на Ливерпул (LCC) објави дека ќе користи блокчејн технологија за да ги ублажи климатските влијанија во градот, објави локалната новинска агенција edie.net на 19-ти јули.

Твит на LCC објаснува дека со напорите за намалување на климатските влијанија во градот се обидуваат да станат “првиот климатски позитивен град во светот до 2020-та година.” LCC ќе соработува со Poseidon Foundation за спроведување на едногодишно испитување на блокчејн платформа која ќе ја олесни безбедноста и размената на токенизирани карбон кредити со цел да се компензира влијанието на климата во градот за повеќе од 110%.

На својот пат кон 110% компензација, edie.net објави дека LCC има одредници за намалување на климатското влијание на градот до 40% до 2030-та година и веќе инсталирал 15.000 улични светилки за заштеда на енергија на 2.000 улици, со цел да се намали потрошувачката на енергија од уличните светилки за 82%. Градот, исто така, има историја за преземање дејства против емисиите на јаглерод, скратувајќи повеќе од 558.000 тони од 2012-та година.

Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон, рече дека технологијата на Poseidon е “прва од ваков вид вистински да даде решение за владите, бизнисите и поединците ширум светот, да помогне да се изменат причините за климатските промени и јас сум воодушевен што овој договор ќе ја донесе оваа врвна технологија во нашиот град.”

The Poseidon Foundation е непрофитна организација со седиште во Малта, која според нивната бела хартија “користи блокчејн технологија која воведува транспарентност и индексирање за да влијае онаму каде што е најважно – зачувување на шумите”. Организацијата веќе има завршено успешно тестирање на нивната платформа во партнерство со производителот на сладолед Ben & Jerry’s.

Ливерпул е добро запознаен со блокчејн и крипто-индустријата. Локалниот независен бизнис Independent Liverpool се здружи со блокчејн стартапот  Colu со седиште во Тел Авив, за да започне локална дигитална валута за жителите на Велика Британија, и која исто така ќе биде користена и од странските патници.

Leave a comment