Купувањето биткоин сега е за 98,2% порпофитабилно од кога бил создаден

Биткоин (BTC) е попрофитабилен како инвестиција за 98,2% од деновите на неговото создавање, покажуваат податоците од holdcalc.com на 1-ви јули.

Броејќи 3830 дена наназад – до 4-ти јануари 2009-та година, еден ден по хаширањето на монетата на Genesis Block – податоците на holdcalc сугерираат дека од тие, 3671 денови било профитабилно да се купи биткоин (BTC) како инвестиција.

Тоа остава 69 непрофитабилни денови – кои ги вклучуваат буквално сите денови во текот на декември 2017-та година, за време на историскиот bull run на биткоин кога достигна вредност од 20000 долари – како и речиси цел јануари 2018-та година.

Најновиот кластер на непрофитабилните денови запишани во податоците на hodlcalc е на крајот на минатиот месец – помеѓу 25-ти и 29-ти јуни 2019-та година – кога монетата тргувала по цена измеѓу 11170 и 12907 долари.

Паралелно со статистичките податоци на holdcalc, една анализа на крипто пазарот објавена од страна на еден Twitter профил CL на 24-ти јуни укажува на тоа дека биткоин влегол во таканаречената “стелт фаза” по неговиот обновен bull run.

Студијата почнува истакнувајќи дека главната монета сега ги поминала и нејзините 50-неделни и 50-дневни просеци на движење, и продолжува со анализирање на реализираната вредност на биткоин – метрика која наводно, беше првично предложена од истражувач на Coin Metrics. Остварената вредност, според студијата, е пресметаниот UTXO пазарен капитал на BTC – т.е. мерка за вредноста на сите монети кои се во оптек по цена за која последен пат биле тргувани.

Податоците за синџирот, како што се хаш стапката на биткоин, адресите на активни паричници и дневните трансакции, ги надминуваат највисоките нивоа до сеа или на некој друг начин се барем блиску до тоа, тврди студијата – сите од нив се показатели дека бројните цитирани студии наводно, се покажале дека имаат позитивна корелација со ценовните перформанси.

Аналитичарите обезбедија табела со логаритамски раст на цената на биткоинот и јавниот интерес – споредувајќи ги BTC:USD податоците со резултатите од пребарувањата на Google за “bitcoin”.

Студијата тврди дека јавноста, во голема мера, не успеала да го следи сегашното подигнување на цените, со оглед дека има исто толку “google пребарувања за “Bitcoin” денес кога е над 10000 долари како во 2013-та година, кога Биткоин бил на само .000 долари”.

Од прес време, биткоин кружи околу 11.000 американски долари, што е нешто повеќе од 6 отсто во текот на денот, според индексот на биткоин цени.

Leave a comment