Крипто Vs. Пари: Од кои земји наскоро се очекува да станат дигитални?

Либералната партија на Австралија неодамна предложи нацрт-закон со кој се наведува дека купувањето од над 10000 австралиски долари со готовина нема да биде легално. Според владата, овој чекор ќе го спречи затајувањето на данок и ќе поттикне транзиција кон безготовинско општество.

Според документот, трансакциите еднакви или ја надминуваат наведената сума треба да се извршат со употреба на електронски систем на плаќање или со чекови. Овие исплати исто така мора да бидат пријавени од страна на субјектот според законите за против перење пари (АМL) и контра-тероризам.

Во овој случај, криптовалутите се сметаат за „плаќања што субјектот мора да ги пријави во согласност со законот за борба против перење пари и борба против тероризам.“ Како што е познато, повеќето големи крипто берзи се во согласност со барањата на владата за Know Your Customer (KYC)  и АМL.

Како што забележа Австралиското Министерство за финансии, законот беше објавен за реакции од јавноста, а владата планира да воведе лимит за плаќања во готовина почнувајќи од 1-ви јануари 2020-та година. Австралијците можат да ги искажат своите мислења пред 12-ти август 2019-та година.

Овој чекор, се разбира, звучеше како добра вест за крипто пазарот, бидејќи безготовинско општество ќе ги охрабри компаниите и поединците да се свртат кон дигиталните средства. Еве уште три земји кои се близу до напуштање на готовинските плаќања и потенцијално прифаќање на криптовалутите како метод на плаќање.

Шведска

Шведска е еден од највпечатливите примери на безготовинска економија. Процентот на користени пари во оваа земја значително опадна (опфаќа само 2% од трансакциите) и помалку од 20% од продавниците прифаќаат готовина. До 2023-та година, истражувачите предлагаат земјата да стане целосно безготовинско општество. Ова е трипати помалку отколку во другите европски земји. Заканата од грабежи на банки, возачи на јавен превоз и малопродажни места практично е исчезната.

Ова стана можно благодарение на напорите на властите, невиденото високо ниво на јавна доверба во банкарските структури и сега промовирањето на националниот шведски систем на мобилни плаќања, што го користат повеќе од половина од населението.

Се чини дека Шведска сака да ја ослободи инфраструктурата на земјата и туристичките објекти од готовина. Сепак, падот на употребата на готовина е воден од одлуките на граѓаните да користат помалку пари. Парите не се прифаќаат за јавен превоз затоа што справувањето со нив е помалку погодно и помалку сигурно за возачите. Покрај тоа, малите бизниси во Шведска целосно се префрлија на безготовински плаќања. Продавниците активно воведуваат PayPass, терминали на продажни места и технологии кои овозможуваат локални стартапи – на пример, iZettle е читач на картички за безбедно прифаќање на банкарски картички преку паметни телефони. Очигледно беше дека желбата за безготовинско општество доведе до тоа во ноември 2018-та година централната банка на Шведска, Riksbank, да објави тест за лансирање на првата шведска криптовалута наречена е-круна.

Банката на Шведска сè уште не донесе одлука дали тест-лансирањето на е-круна ќе биде за краток или долг рок. Сепак, за време на тестот, специјалистите на банката ќе одлучат како најдобро да ја користат електронската круна за да им овозможат на масите пристап до средства за плаќање гарантирани од државата.

Германија

Германија веќе подолго време е поразлична од Европската унија, при што нацијата во моментот нема ограничувања за употреба на готовински плаќања. Сепак, на почетокот на февруари 2016-та година, Министерството за финансии предложи да се ограничат трансакциите за плаќање со готовина до 5000 евра – како во земјата, така и низ целата еврозона. Вреди да се одбележи дека Министерството за финансии ја разгледа и одлучи да ја поддржи иницијативата за помалку од еден ден.

Дали Германската влада ќе го прифати ова ограничување сè уште не е јасно, особено ако се разгледа колку негативно реагираше Германското општество на иницијативата. Сепак, јасно е дека се прави сериозна ревизија на употребата на готовина во Германија и во Европа како целина. Во овој случај, криптовалутите се вклопуваат во новата парадигма.

На крајот на краиштата, Германското Министерство за финансии потпиша декрет во февруари 2018-та признавајќи го легално Биткоин како валута. Како што е наведено во резолуцијата на Министерството за финансии, криптовалутите се еквивалентни на другите легални средства за плаќање, бидејќи тие се користени од учесниците во трансакцијата како алтернативен метод на договорно и непосредно плаќање.

Документот исто така утврди дека купувањата направени со криптовалути не се оданочуваат. Декретот ја наведува одлуката на Европскиот суд во 2015-та година, со која се определува Биткоин како валута во однос на оданочувањето и укинува данок на додадена вредност при купување на стоки и услуги со употреба на криптовалути.

Одлуката на Европскиот суд на правдата дозволува разлики во мислењата меѓу државите на ЕУ во однос на природата и регулацијата на криптовалутите. Секоја земја може да има свое мислење за тоа што е Биткоин (на пр. валута или имот).

Канада

Канада демонстрира софистицирано ниво на развој во својот платен систем заради високото ниво на финансиска достапност и владината програма насочена кон оптимизирање на националниот платен систем. Во Канада, веќе има само еден национален систем на дебитни картички претставен од Interac и три најголеми мрежи на кредитни картички управувани од Visa, MasterCard и American Express. Се очекува дека до 2030-та година, само 10% од потрошените пари во Канада ќе бидат комплетирани со готовински трансакции.

Во исто време, Канадските власти не брзаат премногу брзо да одат кон целосни безготовински плаќања. Во октомври 2018-та година, Банката на Канада опиша голем број на проблеми поврзани со целосното одбивање на готовината во земјата во студијата „Дали е бегзотовинското општество проблематично?“ На пример, некои луѓе, како што се постарите лица, сè уште може да претпочитаат да користат физички пари наместо електронски плаќања.

Но, владата гледа дека повеќе предности има од безготовинското плаќање. Банката на Канада тврди дека и покрај тоа што безготовинското општество во целина нема да предизвика значителни системски проблеми, постојат јасни грижи за одржување на оперативната сигурност.

Истражувањето сугерира три можни политички одлуки:

  • Да се одржи заложба за достапност на готовина и да се разгледаат проактивни мерки за ублажување на потенцијалното намалување на готовина со текот на времето.
  • Да се регулираат мрежните плаќања за да се одржи оперативната сигурност и да се намалат негативните ефекти на конкуренцијата.
  • Да се издаде дигитална валута од страна на Централната банка на земјата, што не би претставувала криптовалута, туку дигитална верзија на Канадскиот долар за да се натпреварува со приватните мрежни плаќања.

Во јули 2018-та година, Банката на Канада спроведе студија наречена „Дигитална валута и монетарна политика на Централната банка“, која покажа дека криптовалутата издадена од централната банка потенцијално ќе биде од корист за економската благосостојба на земјата. Студискиот труд наведува дека воведувањето на дигитална валута на централната банка (CBDC) „може да доведе до зголемување на потрошувачката за 0,64% за Канада во споредба со нивните соодветни “само готовински” економии.

Исто така, Банката на Канада не беше првата во земјата што размислуваше за прашањето околу користење на блокчејн во традиционалните плаќања. Во септември 2017-та година, Кралската банка на Канада тестираше блокчејн технологија за да помогне во поместувањето на плаќањата меѓу нејзините банки во САД и Канада.

Што да се очекува?

Не е невообичаено сега многумина едноставно да го остават својот физички паричник дома и да се потпрат само на картичка или на нивниот мобилен уред за повикување такси, нарачување кафе или купување намирници во продавница. Безготовинското општество веќе не е утописки сон. Блокчејн технологијата може да даде сериозен поттик за премин кон овој нов животен стил.

Денес, скоро сите ја разбираат насоката во која ќе се развиваат платните системи во иднина, а дефинитивно не е кон готовина или физички средства – готовината ќе стане електронска, но каква улога ќе играат блокчејнот и криптовалутите? И дали може да ја докаже својата брзина и целосна безбедност, ќе мора да почекаме за да дознаеме.

Leave a comment