Крипто-фармањето прифатено како индустрија од страна на Иранските власти

Секретарот на Иранскиот Врховен суд за сајбер просторот откри дека разни министерства на владата на земјата го прифатиле крипто-фармањето како официјална индустрија, објави локалната новинска агенција Ibena на 4-ти септември.

Според извештајот, секретарот на Советот за сајбер просторот, Аболхасан Фирозабади, истакна дека фармањето на криптовалути како што е Биткоин (BTC) е одобрено како индустрија од страна на властите. Сепак, официјалната легислатива која претставува правна рамка за индустријата допрва треба да се воведе во земјата.

Фирозабади изјави дека крипто-фармањето е прифатено како индустрија од страна на властите на Иран, вклучувајќи го и Министерството за информатичка и комуникациска технологија, Централната банка, Министерството за индустрија, рудници и трговија, Министерството за енергетика, како и Министерството за економија и финансии.

Фирозабади изјави дека Иранскиот национален центар за сајбер-простори развива платформа за регулирање на крипто-фармањето. Тој додаде дека владата, исто така, размислува за започнување на национална криптовалута, со цел да се создаде финансиска алатка за соработка со Иранските деловни партнери, во услови на економски притисок од санкциите на САД.

Секретарот, наводно, тврдеше дека релевантните власти ќе воведат регулаторна рамка за крипто поврзани стартапи и фирми кон крајот на септември.

На крајот од август, Иранскиот национален центар за сајбер-простори откри дека нацртот на државниот крипто проект е подготвен, по упатствата на претседателот на Иран, Хасан Рохани. Во тоа време, заменик-директорот задолжен за подготовка на нацрт-закони за Иранскиот Врховен Совет за сајбер простори тврдеше дека активно се следи идејата за започнување на национална криптовалута.

Leave a comment