Крипто фармањето може да и донесе на Русија 1 милијарда долари во даночни приходи тврди извештајот

Користејќи го својот вишок капацитет за генерирање на енергија за фармање на криптовалути, Русија може да ги зголеми своите приходи од буџетот за повеќе од една милијарда долари годишни даночни приходи. Проценката произлегува од извештај кој, исто така, повикува на формирање на Руска крипто долина.

70 милијарди рубљи само од даноци

Рускиот вишок на електрична енергија минатата година достигна 20 GW. Според студијата спроведена од снабдувачот на индустриски фармачки решенија Bitcluster, тоа е доволно енергија за напојување на 14,8 милиони од популарните Antminer S9i ASIC уреди. Ако Русија го искористи вишокот на електрична енергија за да ги фарма дигиталните монети, државата ќе добие 70 милијарди рубљи (над 1 милијарда долари) само од ДДВ, тврдат авторите.

Во извештајот се забележува дека еден Antminer S9i троши приближно 1.350 kWt / h електрична енергија. Во моментов има околу 740.000 единици на овој модел и нивната вкупна потрошувачка ќе изнесува околу 1 GW. Со електрична енергија во Русија по цена од 2 рубљи (0,03 долари) за киловат-час, приходите од ДДВ од овие машини ќе бидат околу 292 милиони рубљи (над 4,4 милиони долари) месечно.

Истражувачите исто така процениле дека воспоставувањето на крипто долина за Руските фармачи ќе бара почетна инвестиција од само 1 милијарда рубљи (15 милиони долари), објави Bitnovosti. Bitcluster верува дека има доволно фармачки компании и претприемачи во Русија кои се подготвени да инвестираат во развојот на таков проект.

Предложени Крипто Бизнис Центри

Според основачот на Bitcluster, Сергеј Арестов, крипто долината може да се смести околу една од многубројните хидроелектрани во Русија. Фармачките објекти и инфраструктурата потребна за поставување на блокчејн бизнис центри може да се изградат околу централата и да ги искористат предностите на евтиното и богато снабдување со енергија.

Минатата година, Руското министерство за финансии имаше слична идеја: да се воспостават територии со посебен регулаторен режим за компании од крипто-индустријата. Друг предлог кој го разгледуваат Руските институции е да создаде оф-шор блокчејн зони на бизниси во Калининград и Владивосток и посебна економска зона во автономната република Крим.

Идејата да им се овозможи на компаниите од одредени индустрии да користат криптовалути во одредени Руски региони неодамна беа вклучени во предлог-законот подготвен од Министерството за економски развој. Поддржан е од Анатолиј Аксаков, претседател на важниот комитет за финансиски пазари на Думата, долниот дом на парламентот.

Руските претставници претходно ја искажаа својата подготвеност да ја поддржат легализацијата на крипто-фармањето како деловна активност. Пакет на нацрт-закони за регулирање на крипто-сектоот беше воведен минатата пролет и три гласови беа изгласани на прво читање. Нивното второ читање треба да се одржи за време на сегашната седница на Рускиот парламент. Сепак, текстовите беа подложени на значителна ревизија и беа отфрлени клучните термини, како криптовалути и фармање.

Leave a comment