Крипто стратегија за добивање 200-300% (Golden Cross & Death cross)

По барање на луѓето од фб групата за тргување направив објаснување на една од најдобрите стратегии за тргување долготрајно со минимален ризик и голема добивка.

Стратегијата што денес ќе ја користиме се вика golden cross и death cross на 4 часа тајм фрејм.

Во видеото е најпросто објаснето и како може да се користи оваа стратегија. Во текстот е објаснето чекор по чекор како да ги додадете тие индикатори и што може да направите со нив.

За оваа стратегија ќе користиме EMA 55 и 200 можете да ги додате во индикатор табот на Tradingview или на било која берзаз.

Тука може да дознаете што е ЕМА и како се калкулира.

Кога ќе ги додате двете може да ставите во input 55 и 200 или да користите QEMA што ќе ви ги даде сите линии покажани во видеото.

Како да се користи оваа стратегија. Оваа стратегија се користи со то што цената мора да е над црвената линијата (200) и над 55 и исто така тие треба да се вркстат. Тоа ви е сигнал за купување.

Еве како изгледа тоа на сликата подоле. Ова се вика golden cross. Најчесто го користам на 4 часа но може да се користи на мали тајмфрејмови како 1 час и 15 минути.

Сега идеме на другата стратегија или кога да продадеме.

Цената е под сите линии и имаме вкрстување на црвената и зелената линија. Сликовито покажано тука. Стратегијата се вика Death Cross и е профитабилна на дневен тајмфрејм. Тука покажуваме ценовна акција на 4 часа. Оваа стратегија се вика Death cross.

Leave a comment