Крипто проектот OneCoin ги негира обвинувањата дека е Ponzi и пирамидна шема

Крипто проектот OneCoin ги негира тврдењата дека тие се “хибридна ponzi-пирамидна шема” и измама, објави весникот Samoa Observer на 14-ти мај.

OneCoin е наводно крипто Ponzi шема проект, кој собрал стотици милиони долари низ целиот свет, привлекувајќи ги инвеститорите со ветување за големи профити и минимален ризик. Истрагата од страна на САД откри дека основачите на проектот генерирале 3,353 милијарди евра (3,769 милијарди долари) од приходите од продажба.

Во април, една црква во Самоа, нација која се наоѓа во пацификот, стана центар на вниманието откако пасторите ги поканија OneCoin да зборуваат пред верниците. Имено, централната банка на Самоа ги забрани сите активности поврзани со оваа шема во 2018-та година, но сепак претставниците успеаја да му се придружат на Центарот за богослужба на Самоа и ги претставиле своите наводни измамнички инвестициски производи.

По истрагата од страна на централната банка на Самоа за компанијата, OneCoin наводно, испратиле писмо до Samoa Observer, во кое тие ги негираат тврдењата дека ги пренесувале средствата преку Нов Зеланд во Самоа и ги отфрлиле тврдењата дека организацијата е Ponzi шема.

Компанијата објаснува дека станува збор за “централизирана криптовалута со затворен извор. Затворениот систем има строги политики за спречување на перење пари и борба против финансирањето на тероризмот, како и имплементација на KYC (Know-Your-Customer) и, како што е случајот тука, спречува анонимни трансакции.”

OneCoin тврди дека таквите критериуми ја спречуваат компанијата да биде Ponzi шема и додава дека “со прифаќање на договорот, корисникот станува независен, самовработен сопственик на бизнис”. Со тоа компанијата не се смета себеси за одговорна за активностите што ги вршат нејзините корисници во Самоа и Нов Зеланд. OneCoin, исто така, додадоа:

“Нека биде јасно дека ниту OneCoin ниту OneLife компаниите немаат организација, представници или вработени во Самоа и Нов Зеланд. Никој нема овластување да дејствува или да дава изјави во име на компанијата во Самоа и Нов Зеланд”.

Претходно во мај, крипто медиумите објавија дека поранешниот инвеститор во OneCoin, Кристин Граблис, ги тужи OneCoin за измама, барајќи отштета и групна тужба, во која ги претставува и другите инвеститори кои наводно биле измамени од проектот.

Leave a comment