Крипто паричник нуди купување на биткоин и етер за долари или евра

Крипто паричник ја зголеми својата функционалност, овозможувајќи им на корисниците да купуваат криптовалути со кредитна картичка користејќи долари или евра.

Од Lumi Wallet, кој доаѓа во форма на iOS и Android апликации, како и веб-паричник, велат дека нивната мотивација е да им обезбедат на своите корисници ширум светот безбедни и практични алатки за набавка на криптовалути. Компанијата соопшти дека им дава можност на своите клиенти да купат Биткоин (BTC) и Етер (ETH) на брз, едноставен и безбеден начин. Безбедноста на трансакциите од девизи-до-крипто е обезбедена со Simplex – технологија која овозможува обработка на онлајн плаќања со „целосна заштита од измама и покривање на оданочување“.

Со проширување на своите способности, Lumi настојува да стане попривлечен за потрошувачите не само во САД, туку и на меѓународно ниво. Тимот вели дека ова го зголемува масовното усвојување и промовирањето на криптовалутите. Од Lumi додаваaт дека исто така постепено ги локализираат сите нивни производи со цел паричникот да им биде достапен на корисниците без разлика каде живеат и без разлика на кој јазик зборуваат.

Заштита на податоци на корисниците

Lumi може да се пофали со усвојување на Simplex, со што се спречува измама со податоците за кредитни картички од корисниците преку Know Your Customer протоколот и ги испраќа сите пари назад доколку се сомнева во нешто необично. Сметајќи се за нов крипто стандард во индустријата, Simplex секоја година обработува милијарди во долари и Биткоин, и соработува со најголемите крипто платформи, како што пренесуваат од Lumi.

Тимот потенцира дека девизи-во-крипто размената ќе се одвива директно во паричникот со вграден пребарувач, така што корисниците не треба да го напуштат паричникот за да извршат трансакција. Компанијата вели дека нејзината амбиција не била само да го направи купувањето на криптовалути погодно за своите клиенти, туку и да обезбеди доволно високо ниво на безбедност за корисниците.

Од своето основање, Lumi Wallet стави акцент на заштитата на приватноста. Ова е направено со обезбедување на анонимност на трансакциите и обезбедување целосна контрола на корисниците врз нивните приватни клучеви, кои се зачувани исклучиво на нивните уреди.

Полесно од кога било

Според Lumi, купувањето криптовалути денес не е потешко од онлајн купувањето. Ова ги привлекува и новодојденците кои никогаш порано не купувале криптовалути, како и крипто ентузијасти. Како додаток, Lumi се стреми да создаде пријатно корисничко искуство преку обезбедување „интуитивен интерфејс и непречен дизајн на своите апликации“.

Што се однесува до другите карактеристики на Lumi Wallet, им овозможува на клиентите да го организираат своето дигитално портфолио на средства како што сакаат по пат на изложување, криење и менување на токените во паричникот. Покрај тоа, и мобилната апликација и веб-верзијата на Lumi се опремени со графикони за крипто цени и целата историја на трансакциите на корисниците.

Пристигнува наскоро

Компанијата со нетрпение оваа година очекува да се префрли во модел со отворен код. Според нејзините основачи, тоа ќе биде голем чекор во развојот на Lumi. Тимот се надева дека оваа пресвртница ќе помогне да се привлечат повеќе лојални следбеници и поддржувачи, како и да се стави поголема доверба во Lumi Wallet.

Од Lumi напоменуваат дека нивната намера е да го направат со отворен код не само оригиналниот паричник, туку и веб-паричникот и Lumi Collect. Вториот е Етереум паричник за ERC-721 токените, како што се Blockchain Cuties, Cryptokitties, CryptantCrabs и многу други. Преку Lumi Collect, корисникот може да ги чува и управува со сите крипто-колекционерски средства и тие од крипто игрите на едно место. За некои игри, исто така е можно да се извршат активности внатре во играта (како надавање, продажба или размножување) без да ја напуштите апликацијата.

Во иднина, компанијата планира да ја прошири својата функционалност со тоа што ќе понуди попогодни алатки, како што се физички и виртуелни кредитни картички, кои ќе овозможат купување на Биткоин без проблеми и со тоа ќе го стимулираат масовното крипто усвојување.

LUMI ПАРИЧНИКОТ Е ДОСТАПЕН ТУКА

Leave a comment