Крипто паричник вели дека нуди 1.000 EOS акаунти бесплатно

Провајдер на крипто паричници вели дека започнал со подарување бесплатни EOS акаунти на 1.000 корисници.

Lumi Wallet  напоменува дека подарувањето се одвива на кој прв дојде-добива начинот. Наместо да одговараат на прашањата од квизови, да подготвуваат барања или да користат систем на лотарија, се што треба учесниците да направат е да се пријават на ЕОS бесплатно. Промоцијата ќе заврши кога сите акаунти ќе бидат искористени.

Компанијата вели дека подарувањето е во партнерство со Minergate и Changelly, и доаѓа како дел од планот на Lumi да стане “премиерскиот паричник за блокчејнот на EOS”.

Lumi веќе некое време интегрира блокчејн во својот екосистем, а во претходнодниот апдејт, ЕОS монетата за првпат беше ставена на располагање во нивниот паричник.

Дијана Фурман, извршниот директор на Lumi Wallet, изјави: “Решивме да направиме регистрација за нашите корисници без надомест. Прво, затоа што сакаме да имаат полесен пристап до EOS. Второ, затоа што навистина веруваме дека ЕОS е платформа вредна да се провери”.

Извршната директорка вели дека сака корисниците на Lumi да можат да го истражат она што ЕОЅ има да понуди без никакви пречки на патот, бидејќи развојот на блокчејните продолжува да расте.

Додека Lumi продолжува да се приближува кон мрежата, платформата планира да ги интегрира токените базирани на EOS, да ги поддржи нејзините децентрализирани апликации (DApps) и да го имплементира EOS гласачкиот систем во паричникот. За да имаат корист од подарувањето, се што треба да направат сите корисници е да ја преземат апликацијата Lumi Wallet и да постават бесплатен акаунт за EOS, велат од тимот.

Поддржани се повеќе токени

Lumi Wallet е достапен за Android и iOS уреди, а во моментов поддржува биткоин, етер, bitcoin cash и повеќето ERC-20 токени. Компанијата вели дека се труди да се осигура дека трансакциите извршени преку нивната платформа остануваат потполно анонимни, при што нивниот тим внимава софтверот има привлечен дизајн.

LUMI WALLET е достапен тука

Новите токени постојано се додаваат. Претходно овој месец, Lumi Wallet откри дека сега се поддржани повеќе од 900 ERC-20 токени- што им олеснува на корисниците да се префрлаат помеѓу широк спектар на крипто средства секогаш кога ќе посакаат.

Lumi сега се подготвува за следниот голем чекор: во текот на летото, компанијата планира отворен код. Според нивниот тим, оваа надградба беше многу очекувана откако беше првично лансирана.

Платформата исто така нуди посветен паричник за колекционерски предмети, овозможувајќи им на гејмерите да ги задржат сите свои средства и ERC-721 токени на едно сигурно место. Апликацијата е фокусирана на мобилни уреди, ја елиминира потребата играчите да користат специјални пребарувачи или веб-екстензии со цел да пристапат до нивните колекционерски предмети.

Lumi Collect продолжува да додава непосреден пристап до блокчејните игри директно од самата апликација – и минатиот месец, My Crypto Heroes се приклучи на платформата. Според блог пост напишан од Lumi во тоа време, таа е една од најголемите игри поддржани од Етереум.

Компанијата вели дека е подготвена да профитира од “големиот скок” кој може да се види во модерната индустрија за игри. Бидејќи се поголем број на играчи се осврнуваат кон блокчејн за да видат што оваа технологија има да понуди, форматите на игрите ќе се променат – како и ставовите на луѓето кон крипто средствата.

Leave a comment