Крипто паричникот на веб пребарувачот Opera ќе ги прошири своите услуги кон корисниците на iOS

Еден од големите веб пребарувачи Opera, го објави претстојното лансирање на Opera Touch за iOS, според официјалното соопштение за печатот објавено во вторникот, 5-ти март. Opera Touch е Web 3 пребарувач со вграден крипто паричник кој поддржува Ethereum (ETH) и интеракции со децентрализирани апликации (DApps).

Во декември, Opera го лансираше својот “Web 3-ready” пребарувач со вграден крипто паричник за корисниците на Андроид. Opera објасни дека ја донеле оваа одлука за да ги прошират своите услуги кон iOS како резултат по успешната интеграција на крипто паричникот и DApp истражувачот за Андроид.

Иако датумот на лансирање на Opera Touch за iOS не беше наведен, во соопштението се вели дека корисниците можат да се пријават да ја тестираат апликацијата преку нивната веб-страница.

На 6-ти февруари, Opera додаде нова услуга која им овозможи на корисниците во Шведска, Норвешка и Данска да купат Ethereum преку Андроид верзијата на пребарувачот. Новата услуга беше овозможена преку партнерството помеѓу Opera и брокерската фирма Safello. Safello, според Opera, е регистриран во финансискиот надзорен орган на Шведска.

Во јули 2018-та година, Opera го објави вградениот крипто паричник како додаток на својот пребарувач. Менаџерот за производи, Чарлс Хамел, тогаш изјави дека Opera е “првиот голем пребарувач кој ќе се отвори кон Web 3.0”.

Leave a comment