Крипто пазарот испраќа мешани сигнали, цената на Биткоин и Етер во пораст

Сабота, 17-ти август – цената на Биткоин (BTC) и Етер (ETH) е во нагорно движење, додека XRP продолжува да опаѓа.

Биткоинот тргува на 10371 USD од прес време, што претставува пораст на цената за 4,58% на денот. Биткоинот забележува некаков интензитет за нагорно искачување, достигнувајќи 10500 американски долари и продолжува да се држи подалеку од цената со четири фигури на кои падна вчера. Сепак, BTC треба да се искачи за околу 15% за да ја завземе бариерата од 12000 американски долари, што ја надмина повеќе пати претходно овој месец.

Претходно вчера, предвидената платформа за фјучерси Bakkt на BTC, објави дека е одобрена за лансирање – имено од Комисијата за тргување со артикли и фјучерси и Министерството за финансиски услуги на Стејт департментот во Њујорк – и ќе се пушти во употреба на 23-ти септември.

7 дневната цена на Биткоин

Втората криптовалута по големина, Етер, денес е во зелено. ЕТH тргува со над 185 американски долари, што покажува зголемување од 0,61% на денот. ЕТH во голема мерка е во пад оваа недела, тргувајќи над 218 американски долари во петокот и опадна за приближно 14,7% достигнувајќи ја сегашната цена.

7 дневната цена на Етереум

XRP, вториот по големина altcoin по пазарен капитал, тргува со 0,262 долари и се спушта за 0,24% на денот. Како и многу од најголемите криптовалути, XRP оваа недела е во опаѓање. За разлика од BTC и ЕТH, сепак, XRP не успеа да се врати во зелената зона од прес време.

7 дневната цена на XRP

Покрај BTC и ЕТH, други топ-20 криптовалути кои се во зелено денес се: EOS, Tether (USDT), Bitcoin SV (BSV), Binance Coin (BNB), Monero (XMR), Stellar (XLM), Dash (DASH) и Теzos (XTZ).

Вкупниот пазарен капитал на првите 100 криптовалути во моментот е над 270,9 милијарди американски долари од прес време, според Coin360.

Leave a comment