Крипто пазарите во добивка: Биткоин ја помина границата од 7.000 долари

Најпопуларната криптовалута, Биткоин,  достигна ново ниво во 2019-та година, скокајќи над 7.000 долари, нивото што последен пат беше видено во септември 2018-та година, додека останатиот дел од крипто пазарот забележува и силни добивки.

Биткоин дури и надмина 7,300 американски долари пред полноќ во саботата вечер, а подоцна се намали на 7,223 американски долари. Цената е зголемена за речиси 8% во изминатите 24 часа и повеќе од 24% во изминатата недела. Биткоин помина 6.000 американски долари само пред неколку дена, на 9-ти мај.

Цената на Биткоин

Подемот на цената го поттикна целиот пазарен капитал да порасне од повеќе од 8 отсто, на речиси 218 милиони американски долари.

Другите дигитални токени од првите 10 по пазарна капитализација забележаа уште поголеми добивки денес по лошата недела. Етереум скокна речиси 10%, а Bitcoin cash најмногу напредуваше меѓу најважните монети (23%).

Другите 10 монети по пазарен капитал

Речиси сите монети од првите 100 се исто така зелени и се издигнаа околу 5% -10% во изминатите 24 часа. Како што беше објавено во петокот, додека расте доминацијата на биткоинот на крипто пазарот, уште еден раст на altcoin може да биде само зад аголот и цврсто врзан за движењето на цените на BTC, проценуваат некои играчи на крипто индустријата.

Реакции:

Leave a comment