Крипто-милионер изгуби 5.500 биткоини во наводна инвестициона измама

22-годишниот крипто-милионер изгуби повеќе од 5.500 биткоини во наводната инвестициона измама во Тајланд, која го привлече вниманието на јавноста поради наводното учество на тајландски филмски актер.

Според извештајот на медиумот Bangkok Post во понеделникот, една група му се обратила на Финскиот бизнисмен Арани Отава Сарима во јуни 2017-та година поради инвестирање во неколку тајландски акции, казино во Макао и нова криптовалута наречена Dragon Coin.

Групата тврдела дека по издавањето, Dragon Coin може да се користи во казиното, се вели во извештајот. Тие, исто така, го донеле Сарима во казино во Макао, со цел да се демонстрира легитимноста на проектот. Сарима, кој ја наседнал на шемата, им префрлил вкупно 5.564 биткоини на групата, се наведува во обвинението.

Не гледајќи нивно враќање по неколку месеци од инвестицијата, Сарима поднел жалба до Тајландскиот Оддел за сузбивање на криминал (CSD) во јануари, заедно со неговиот локален деловен партнер кој верува дека инвестицискиот план е измама.

CSD подоцна започна истрага и се наведува во извештајот дека групата не направила никакви инвестиции за Сарима, туку ги сменила сите биткоини во Тајландски бахт и ги префрлила средствата на седум банкарски сметки.

И покрај тоа што е нејасно кога групата ги продала биткоинските средства, CSD соопшти дека измамниците направиле околу 800 милиони бахти, или околу 24 милиони долари.

По повеќемесечната истрага, CSD, исто така, се сомневаше дека тајландскиот филмски актер Џуратписит “Boom” Јаравијит бил вклучен во планот и го уапсиле минатата среда.

CSD понатаму тврди дека сестрата на актерот Принја Јаравијит е осомничена како “водач” на шемата и го напуштила Тајланд за САД преку Јужна Кореја. CSD сега соработува со властите во САД за да го пронајде примарниот осомничен, се вели во извештајот.

Leave a comment