Крипто меури: Зошто трговците мислат дека altcoins се преценети

На крипто заедницата и се добро познати обвинувањата за крипто меури. Уште во 2014-та година медиумските експерти се осврнаа на пукањето на биткоин меурот, со еден наслов од Financial Times од септември истата година, содржејќи го и лошото предвидување: “Конечно ќе признаеме и ќе го наречеме ова крајот на Биткоин”.

Па, Биткоин секако не заврши во 2014-та година, но ова не ги спречи другите експерти и коментатори да се расфрлаат со зборот “меур” по половина деценија од прерано пријавената смрт на криптовалутата. Меѓутоа, додека некои мејнстрим набљудувачи едноставно го сметаат целиот крипто пазар како еден огромен меур, други лица од неодамна нудат повеќе прецизни тврдења, тврдења кои се вртат околу разликата помеѓу Биткоин и огромното мнозинство на altcoins.

Поконкретно, ветеранскиот трговец и автор Питер Брант неодамна го спореди пазарот на altcoins со dot-com меурот, тврдејќи дека неодамнешните силни подеми на Биткоин нема да се повторат со други криптовалути. Слично на тоа, извршниот директор на ShapeShift, Ерик Ворхес, минатата година тврдеше дека биткоин и altcoins се формираат на два одделни пазари, додека на 1-ви јули познатата крипто личност на Twitter, Lil Bubble објави видео-снимка од пародија која совршено го претставува падот на altcoins, како што се зголемува доминацијата на Биткоин на пазарот за 62,2% (од прес време).

Но, дури и ако е точно дека цената на Биткоин е зголемена за околу 128% во текот на последните три месеци (во споредба со “само” 81% за Етер), нема вистински индикации или докази дека поголемиот дел од altcoins нема да опаднат кон дното како што оригиналната криптовалута останува силна. Ако ја тргнете пазарната цена од равенката, сепак останува тоа дека одредени altcoins имаат барем исто толку да понудат во смисла на функционалност, како што има биткоинот.

Биткоин наспроти altcoins

Но, пробајте да му го кажете тоа на Питер Бранд. Не само што авторот и основачот на Factor LLC ги спореди altcoins со dot-com меурот во твит кон крајот на јуни, но во интервју со еден крипто медиум, тој двојно ја намали нивната споредба, предвидувајќи дека огромното мнозинство на altcoins ќе исчезнат во не-премногу далечна иднина:

“Верувам дека напредокот кон крајот на 2017-та и почетокот на 2018-та година altcoins ќе се покажат како меури. Јас сум убеден дека 95% од altcoins ќе бидат бескорисни и дека Биткоин ќе заземе 80 до 90% од вкупниот пазарен капитал.”

Ова се силни ставови, но настрана од фактот што Биткоин расте побрзо од своите ривали, тој наоѓа поддршка во голем број на квартали. Како на пример, американски радиодифузер и биткоин поддржувач Макс Кејзер, неодамна предвиде за време на интервјуто на CNBC дека altcoins нема да уживаат во истиот вид на подем како на тој на Биткоин во моментов и дека повеќето ќе опаднат:

“Видете, индексот на доминација е повторно 60%, и се враќа на 80% или 90%. Бидејќи тоа е единственото логично место за криптото да биде.” Но, според мое мислење, феномен на altcoins е завршен”.

Всушност, ставовите на Кејзер не запираат таму. Тој изјави за крипто медиумите дека постои голем јаз меѓу Биткоин и други средства, особено во однос на тоа дали ја погодиле нивната “вистинска” пазарна вредност. Кејзер напиша преку е-мејл:

“Биткоин е буквално единственото финансиско средство кое “не е” во еден меур. Државните обврзници се повеќестотини години во меурчиња. Американските долари и разни девизни пари се наоѓаат во историски меурчиња, исто така и берзите. Злато и рударски акции на златото се потценети и добри места за инвестирање, но нивната добра страна е ограничена во споредба со Биткоин.”

Во своето интервју за CNBC, Кејзер понудил неколку аргументи за да го поддржи неговиот силен пробиткоин став, како што изјави дека главната криптовалута ја подобрува својата приспособливост со SegWit и Lightning Network, и дека нуди најсигурен синџир со доста голема разлика од останатите:

“Хаш стапката на биткоин, достигнувајќи нови височини од 70 квинтилион хашови во секунда (10x повеќе од колку што се проценува дека има зрна на песок на Земјата), ќе продолжат да се искачуваат повисоко, правејќи ја цената на BTC експоненцијално повисока и ниту една цена на altcoin не може да се натпреварува со тоа.”

Сепак, додека другите крипто трговци ќе се согласат дека Биткоин веројатно ќе ја зголеми доминацијата на пазарот во наредните месеци, тие сепак се скептични дека altcoins ќе бидат уништени. Ова е позицијата на Џош Рагер, трговец кој изјави за медиумите дека дури и со сегашниот пораст на Биткоин, ќе останат и други криптовалути, коишто добро ќе функционираат како резултат на пропозииции на понудена вредност која не е засенета од BTC:

“Доминацијата на Биткоин на вкупниот удел на пазарот е 65% и се додека продолжува да се движи нагоре, остатокот на пазарот, најверојатно, ќе остане во стагнација со цената. Ако доминацијата на BTC ќе започне да опаѓа, ќе знаеме дека остатокот од крипто пазарот, најверојатно, ќе започне да има корист од префрлањето на средствата кон altcoins со силни основи. Да не ги споменуваме и многуте други крипто-средства со солидна технологија кои доаѓаат на пазарот почнувајќи од крајот на 2019-та година”.

Трговецот и автор од Велика Британија, Глен Гудман, има сличен став како на Рагер, објаснувајќи за крипто медиумите дека барем некои altcoins можат да се пофалат со своите технолошки предности над Биткоин, нешто што ја прави нивната смрт неверојатна:

“Биткоин е веројатно најрационалното крипто богатство на кое му се доделува висока цена, бидејќи во моментов има најголема веројатност за идно масовно усвојување. Некои други криптовалути се високо ценети, бидејќи нивните технолошки иновации ветуваат многу, а и се совршено валидни, но технологијата е безвредна ако никој не ја користи, па сите цени на криптовалутите се засновани на претпоставката дека еден ден луѓето ќе ја прифатат технологијата или ќе го користат производот. Биткоин е единствениот за кој повеќето луѓе чуле, па затоа има голема предност , но тоа не значи дека сите други се осудени на пропаст”.

Со други зборови, се чини дека постои лабав консензус меѓу трговците дека Биткоин се одделува од пазарот на altcoins, и дека општо altcoins стануваат преценети. Сепак, дури и со оваа поделба, само најтврдокорните поддржувачи на BTC веруваат дека пазарот на altcoins е на прагот на изумирање. Навистина, како што вели трговецот и партнер на CryptoOracle Лу Кернер:

“Иако повеќето altcoins се веројатно значително преценети, некои, како што е Chainlink, може да се појават како многу вредни ентитети. Затоа, има повеќе смисла да ги разгледаме сите одделно, а потоа да правиме генерализации”.

Leave a comment