Крипто крадец на SIM картички се изјасни за виновен и доби 10 години затвор

Џоел Ортиз, студент, кој,наводно, украл криптовалути во вредност од над 5 милиони долари, се изјасни за виновен и ја прифати казната затвор од 10 години. Ортиз беше уапсен минатата година и обвинет за крадење на телефонски броеви од околу 40 лица. Тој сега е првиот човек кој ќе биде осуден за ова злосторство, попознато како SIM swapping (замена на SIM картички).

Прв случај на осуда за SIM swapping

Дваесетгодишното лице од Бостон беше уапсено на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во јули 2018-та година, додека се обидуваше да замине за Европа. Тој е еден од неколкуте хакери уапсени за SIM swapping минатата година, вклучувајќи ги и Ксавиер Нарваес, Николас Трулиа и Џозеф Харис.

Сите овие лица се обвинети за крадење милиони во крипто. SIM swapper-ите ги користеле украдените телефонски броеви за да добијат пристап до мејл акаунтите и социјалните медиуми на жртвите, како и нивните биткоински паричници.

Џоел Ортиз минатата недела го прифати договорот за признавање на вина и ќе биде официјално осуден на 14-ти март, објави Motherboard, цитирајќи го заменик обвинителот во округот Санта Клара, Калифорнија, Ерин Вест. Властите веруваат дека неговиот случај е прв што завршува со осуда поради SIM swapping. Вест изјави:

“Околу казната на Џоел – 10 години – тоа покажува дека нашата заедница нема да толерира ваков вид криминал. И ние ќе продолжиме да ги бараме сите оние кои се одговорни.”

Во тек се повеќе други истраги

Претставници за спроведување на законот изразија надеж дека случајот, исто така, ќе послужи како пример за другите кои се наводно или осомничени за истото кривично дело и испраќаат порака до хакерите. Официјалните претставници не откриле број на тековни истраги, но признаа дека имало нови апсења и потерници.

Според објавата, поголемиот дел од овие истраги се предводени од Регионалниот тим за спроведување на безбедносните сили (React). Работната група ги обединува напорите на бројните локални полициски одделенија во Американската држава Калифорнија.

Сами Тарази, еден од агентите кои работеле на случајот Ортиз, изјави дека единицата добила стотици извештаи за SIM напади од луѓе кои биле цел на хакери. Сепак, тој додаде дека нивниот број сега е намален.

Кога Џоел Ортиз беше уапсен во ЛА минатото лето, тој требаше да лета во Европа со 250.000 долари во криптовалути, објави Boston Globe. Пред неговиот обид за напуштање на САД, Ортиз потрошил уште 150.000 долари од незаконско присвоените дигитални фондови.

Ортиз и неговите соученици конкретно ги таргетираат луѓето од крипто простор. Се верува дека нивните жртви ги вклучиле присутните на консензуската конференција во Њујорк минатиот мај. Тие успеаја да ги украдат крипто средствата откако ги измамиле безжичните телефонски компании за пренесување на телефонскиот број на целта на SIM картичката во нивна контрола.

За време на неговото судење, Џоел Ортиз се соочил со 28 обвиненија, вклучувајќи повеќекратни обиди за хакирање, кражба на идентитет и голема кражба.

Leave a comment