Крипто компанија им дава шанса на луѓето да фармаат биткоин без високи трошоци за струја

Со побарувачката за биткоин во пораст како одговор на зголемената вредност, вниманието сè повеќе се свртува кон фармањето.

Меѓутоа, пазарот се промени од раните крипто денови, кога Биткоин имаше во изобилство, бидејќи малкумина знаеја за можностите кои ги нуди, а високите награди за фармање можеа да се добијат од страна на поединци кои користат едноставна домашна опрема.

Овие денови, бескорисната комбинација на жестока конкуренција, алгоритамски потешкотии и високи трошоци за одржување, честопати значат дека е економски неприфатливо соло да се фарма крипто. Како одговор, се појави нова алтернатива за оние кои не се подготвени да купуваат скапа опрема и плаќаат астрономски сметки за електрична енергија: cloud фармање напојувано од далечински центри за податоци.

“Достапно и не губи време”

Hashing24 вели дека неговите биткоински услуги за фармање им даваат на потрошувачите шанса да ја изнајмат хаш-моќта од водечките центри за податоци во индустријата, кои веќе го направија потешкиот дел со инвестирање во сопствената високо технолошка опрема за фармање крипто – претежно Биткоин.

Според компанијата, овој пристап може да помогне да се реши дилемата со која што многу индивидуални фармачи се соочуваат дома. Компјутерите и единиците за графичка обработка не се доволни за намалување на бучавата во оваа понапредна индустрија – и сите приходи генерирани преку фармањето честопати се надминати од цената на потребната електрична енергија.

HASHING24 е достапен тука

Ова не е единствената пречка на хоризонтот, бидејќи честопати може да се покаже дека е невозможно за еден компјутер да се натпреварува со експанзивните фармачки базени, во кои групи на фармачи ги комбинираат своите компјутерски хаш-стапки и дистрибуираат какви било приходи меѓу себе. Иако ова може да изгледа примамливо, Hashing24 тврди дека овој пристап има свои недостатоци, бидејќи има моменти кога учесниците не се наградени еднакво за нивниот труд.

Како алтернатива, фармачките услуги од далеку можат да им овозможат на поединците да склучуваат договори со центри за податоци кои знаат што прават. Цените се испорачуваат во форма на договор – и од тука, фармачкиот процес е донекаде споредлив со нарачување нов пар чевли од Amazon. Hashing24 ја испраќа фармачката наредба на огромни процесни центри низ Европа, кои користат опрема со 100% uptime, а кованите монети се доставуваат секојдневно.

Дали е практично?

Според Hashing24, далечинското фармање не е нешто што треба да се започне лесно – и постојат мноштво фактори кои поединците треба да ги земат предвид. Репутацијата на провајдерот, времетраењето на услугата и технологијата на која се потпирате може да се покажат од суштинско значење во  тоа да се осигурате дека нема да ја потрошите цела своја заштеда. Тоа е исто така важно за оние кои позајмуваат фармачки капацитет да направат математика и да се осмислат детални финансиски планови кои би донеле повеќе приход него трошоци. Времетраењето на фармачкиот договор, кога е во комбинација со постојаниот проблем околу нестабилноста на цените на криптовалутите, може да предизвика значителен притисок врз буџетите и да влијае на крајниот резултат. Надоместоците за одржување исто така треба да се разгледаат – и во зависност од давателот на услуги, ова плаќање може да биде вклучено во цената на договорот или да се додаде при ковањето на монетите.

Hashing24 вели дека еден начин за мерење на трошоците и придобивките може да биде преку користење на калкулатор за фармање, кој зема предвид мноштво фактори и обезбедува една слика за тоа колку профит може да се добие во иднина . Демо фармањето, исто така, може да се користи за да се види како стратегиите ќе функционираат во симулирана средина.

Партнер на Hashing24 – Bitfury – има центри за податоци со седиште во Канада, Норвешка, Исланд и Грузија. Компанијата вели дека ги користи најновите Application-Specific Integrated Circuits – инаку познат како ASICs, на кратко. Ова е во комбинација со најновата технологија за ладење за гарантирање на ефикасноста додека се намалуваат трошоците.

Leave a comment