Крипто и Блокчејн – Следејќи ги стапките на најголемите пронајдоци на човекот?

Низ историјата, човечката цивилизација помина низ масивни периоди на развој, благодарение на големите технолошки достигнувања.

Најраниот – и можеби најзначајниот – беше откривањето на оганот, што се проценува дека се случило пред околу 700.000 години. Американскиот совет за наука и здравје ги наведува археолошките докази за овие бројки.

Огнот бил поттикот за развој на Homo Sapiens, создавајќи “револуционерни” промени за раниот човек, што довело до воспоставување на поголеми населби и развој на посложени алатки и подобар квалитет на живот. Ова многу далечно откритие го означува почетокот на интелектуалниот развој на човекот.

Додека листата на технолошки откритија кои ја промениле историјата се бројни, да го сведеме нашиот список на само пет од најголемите иновации во комуникациската технологија, кои го сменија начинот на кој луѓето пристапуваат и ги конзумираат информациите и податоците.

За посеопфатна листа на најголеми пронајдоци на човекот, The Atlantic составиле фантастичен каталог составен и рангиран од некои од најзначајните историчари, научници, инженери и претприемачи во светот.

Печатарската преса

Величен како еден од најважните пронајдоци во историјата, печатарската преса им претходи на останатите пронајдоци од нашата листа за речиси 400 години. Јоханес Гутенберг е заслужен за создавање на она што е познато како Гутенберг пресата.

Германецот, кој бил трговец со злато, создал рачна метална матрица која во суштина го создала првиот систем за печатење.

Тоа овозможило брзо и евтино печатење на документи и книги за кратко време. Додека печатарската преса се шири низ целиот свет, се повеќе и повеќе луѓето имале пристап до информации – што довело до интелектуална револуција и одиграло голема улога во реформацијата.

Овој начин за ширење на информациите имаше значајни влијанија врз научната револуција и порастот на писменоста кај возрасните. Исто така, иронично, довело до пад на латинскиот и развој на народни јазици низ целиот свет.

Печатарската преса буквално брзо ја превземала способноста да создава и споделува информации низ целиот свет, и одиграла голема улога во развојот на образованието во голема мера.

Електричната енергија

Додека печатарската преса овозможуваше ширење на информации и знаење низ целиот свет, луѓето се уште беа во темнина.

Крајот на тоа ќе дојде кон крајот на 1800-тите, како што голем број научници почнаа да се справуваат со сложеноста на електричната енергија. Пронаоѓањето на сијалицата, која имаше бројни придонесувачи во текот на 19-тиот век, го осветли светот како една од првите широко употребувани примени на електрична енергија.

Една од неговите примени беше развиена многу порано и имаше уште поголема улога во комуникациите. Електронскиот телеграф беше развиен во 1830-тите години, со што им се овозможуваше на луѓето да испраќаат пораки ширум светот со употреба на електрично коло.

Ова ја постави платформата за комуникациски системи како телефони, факс-машини и на крајот, интернетот.

Радиото

Следниот чекор во развојот на комуникацијата била појавата на радиото. На крајот на 19-от век, одреден Гуљиелмо Маркони ја патентирал идејата за безжичен телеграфски систем во Англија во 1896-та година.

Маркони го достави својот прв безжично преносен сигнал – првите радио бранови – преку Атлантикот, од островот Вајт во Корнвол во 1901-ва година.

Во следните 20 години, радио комуникацијата главно била користена од страна на војската. Но, од 1920-тите па наваму, било пуштено комерцијално радио. BBC започнале со емитување во 1922-ра година – им обезбедило на луѓето вести, информации и забава.

Радиото, тогаш, одиграло важна улога во доставувањето вести до луѓето за време на Втората светска војна – а по тие хаотични денови го сменило фокусот кон музиката и забавата. Комерцијализацијата ја промени природата на радиото, но сепак игра важна улога во информирањето на луѓето за големите настани низ целиот свет.

Успехот на радиото е во неговата безжична природа. Секој со ресивер може да се прилагоди на фреквенцијата во опсег за да пристапи до пораки и информации. Ова исто така значи дека многу луѓе можат да имаат корист од еден приемник – што го прави еден од најмоќните медиуми за размена на информации.

Интернетот

Додека радиото и телевизијата полека ги усвојувале ширум светот од 1920-тите години наваму, тоа ќе потрае 70 години – до 1990-тите – пред интернетот да биде достапен за пошироката јавност.

Неговото потекло се води од 1960-тите, кога психологот и компјутерскиот научник д-р Џ.П.П. Ликлидер произвел серија документи кои ја истакнале идејата за “Интергалактичка компјутерска мрежа” – која ќе им овозможи мрежа од глобално поврзани компјутери да пристапуваат и да споделуваат податоци, како и да користат програми од повеќе места.

Во 1963-та година, додека работел како директор на Агенцијата за напредни истражувачки проекти на САД (позната како DARPA), Ликлидер ги поставил основите за развој на ARPANET.

Врз основа на концептот на споделување на време, кој бил споделување на пресметковни ресурси на повеќе корисници, развојот на интернетот главно беше поттикнат од потребата за комутација на пакети како средство за пренос на информации во текот на овие рани, затворени мрежи.

Од 1980-тите па наваму, интернетот како што го знаеме почна да се комерцијализира, бидејќи бизнисите имаа желба да ги прифатат и да ги искористат можностите на глобалната мрежа. Ова доведе до појава на интернет-провајдери.

На крајот на 1990-тите, јавноста имаше пристап до е-мејл услуги и основни веб-сајтови, а во следните десет години имаше експлозивен пораст, кој беше карактеризиран со dot com баблот.

Сепак, користењето на интернетот ги опфаќа сите технологии наведени погоре. Преку мрежа на глобални компјутери и сервери, луѓето од целиот свет имаат пристап до скоро бесконечно снабдување со информации.

Покрај тоа, интернетот сега нуди платформа за видео и аудио, што го потресе светот на радиото и телевизијата. Неговите примени се многубројни – и тој го преобликуваше модерниот свет.

Тој е, исто така, делумно одговорен за инфраструктурата врз која се градат блокчејн технологијата и криптовалутите.

Блокчејн и криптовалутите

Интернетот е сега пат кој ги поврзува заедно глобалните мрежи, овозможувајќи им на стотици милиони луѓе да пристапат до информации и да комуницираат едни со други низ целиот свет.

Како што дигиталниот свет продолжи да се развива откако интернетот станал широко достапен за масите, новите технологии беа развиени со користење на неговата инфраструктура.

Со можноста да се комуницира и да се споделуваат податоци со корисници од целиот свет преку World Wide Web, приватноста и безбедноста исто така станаа проблем.

Ова е местото каде што настанале темелите на криптовалутите  – преку развојот на технологијата за енкрипција.

Развојот на криптовалутите се случува во 80-тите години, кога “cypherpunks” го предназначуваат загрозувањето на  приватноста. Како што изјави софтвер девелоперот, Џејмсон Лоп, во ноември 2017-та година, овие cypherpunks беа одговорни за поставувањето на темелите на блокчејн технологијата и криптовалутите:

“Потеклото на cypherpunk се враќа во 1980-тите. Тоа се еден куп генијалци кои го видоа тоа што го ветува интернетот и овие нови комуникациски технологии, но исто така ја видоа и нивната темна страна”.

“Тие сакаа да ги измислат технологии кои би ја зајакнале приватноста на самиот интернет, и токму така се случува дигиталните пари да бидат една од оние интересни работи кои што cypherpunks мислеле дека е важно за општеството да го има. Голем број на cypherpunks работеа на тоа со децении се до 2009-та година кога Сатоши се сетил на едно елегантно решение.”

Технологијата за енкрипција уште еднаш беше воведена од владини и воени агенции во 1960-тите, додека потеклото на енкрипцијата датира од уште пооддамна. Сепак, откако беше развиена дигиталната енкрипција на податоците, таа беше пуштена во јавноста кон крајот на 80-тите години, а во текот на 1990-тите, движењето на cypherpunk-от беше официјално формирано од Ерик Хјуз, Тим Меј и Џон Гилмор.

Со пристапот до претходно класифицирана технологија, овие технолози успеаја да ја продолжат работата за приватизирање на податоците. Оваа технологија за енкрипција тогаш стана витален дел од биткоин протоколот.

Белата биткоин хартија на Сатоши Накамото ја потврдува работата на д-р Адам Бек и неговиот хашкеш proof-of-work – кој е алгоритам што може да се искористи како заштита од denial of service напади.

Работата на творецот на b-money Wei Dai, компјутерски научник Ралф Меркле – кој го измисли криптографското хаширање – и голем број други научници кои работеа на дигитална time-stamping технологија, придонесоа за евентуалното создавање на биткоинот.

Биткоин настанал во 2009-та година, на тој судбоносен 4-ти јануари, кога била исфармана блок генезата. Додека неговото усвојување беше бавно во првите неколку години, работите драматично се променија.

2017-та беше веројатно годината на биткоин и криптовалутите воопшто. Незапирливото и еминентно издигање на криптовалутите што достигна 20.000 долари.

Ова го фрла биткоинот во центарот на вниманието и криптовалутите воопшто, и тие веќе не се нејасна технологија за која зборуваат бубалиците за време на паузата за ручек во Силиконската долина.

Биткоин и блокчејнот сé уште владеат, додека Ethereum донесе нова димензија на примените и можностите на блокчејн технологијата.

Нов храбар свет

Како и раните години на електричната енергија, радиото и интернетот, употребата на оваа технологија сè уште се одгатнува. Но, како што повеќе луѓе доаѓаат во костец со можностите за криптовалути и блокчејн технологијата, таа се повеќе се прифаќа и усвојува.

Додека крипто-просторот постојано се развива, со влегувањето на неколку големи актери на сцената во изминатите неколку години, блокчејн технологијата исто така се користи и од страна на приватни компании од целиот свет.

Иронично, ова е местото каде што блокчејн технологијата се разликува од претходно споменатите изуми. Радио и интернет технологијата во прв план беа развиени и искористени од страна на владите за нивните воени операции.

Биткоин, од друга страна, беше пуштен во јавноста во 2009-та година, а оттогаш тој е усвоен од милиони луѓе ширум светот и има создадено голем број блокчејн проекти – јавни и приватни.

Примените на блокчејн технологија се уште се истражуваат и само небото е граница во однос на ефектот што може оваа технологија да го има врз општеството.

Leave a comment