Крипто е овде да остане, но анкетите покажуваат пресврт

Две третини од 10.000 анкетирани Европејци веруваат дека криптовалутите се уште ќе бидат тука за околу десет години, но тие се се помалку сигурни за Биткоин, покажа новото истражување на крипто берзата bitFlyer. Сепак, едвај една десетина од испитаниците веруваат дека крипто ќе се користи како валута во иднина.

Онлајн анкетата, направена преку Google Surveys, вклучуваше вкупно 10.000 испитаници, рамномерно распоредени во 10 европски земји: Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Велика Британија. Сепак, профилот на испитаниците е непознат и не е јасно колку од анкетираните Европејци поседуваат криптовалути.

Процентот на потрошувачи кои веруваат дека криптовалутите се уште ќе постојат за 10 години:

Во каква форма крипто ќе постои за една деценија останува мистерија за повеќето, бидејќи само 8% сметаат дека ќе стане валута, додека само 7% сметаат дека ќе се користи како инвестиција или security. Само Полјаците веруваат дека крипто има повеќе шанси во иднина да се третира како инвестиција или security отколку како валута.

Процентот на потрошувачи кои веруваат дека биткоините за 10 години ќе постојат како алатка за инвестирање и security:

Иако поголемиот дел од испитаниците во секоја земја сметаат дека крипто ќе биде тука и во иднина, истиот оптимизам не важи за Биткоин. Италија е најоптимистичка земја на листата со 55% од испитаниците позитивни за иднината на Биткоин, додека Франција е на дното со само 40%. Вкупно четири земји се под средишната линија: Франција, Велика Британија, Белгија и Данска, додека останатите се блиску над средината.

Процентот на потрошувачи кои веруваат дека биткоините навистина ќе постојат за 10 години:

“Фактот дека Биткоин не генерира толку многу поддршка како и другите криптовалути, делумно е симптом на нестабилноста на пазарот, но исто така е и директен ефект од постојаното медиумско внимание кое е поврзано со неговата нестабилност”, изјави Енди Брајант, главниот оперативен директор во bitFlyer Europe , додавајќи дека ова истражување покажува дека има многу повеќе што да се направи за да се демонстрираат на потрошувачите поповолните придобивки и случаевите на користење на сите криптовалути.

“Следниот чекор за индустријата е подобро да ги промовира на потрошувачите придобивките и случаите на користење на криптовалутите, така што луѓето ќе разберат како тие ќе се користат во општеството”, изјави Брајант.

Leave a comment