“Крипто долината” го прогласи за успешно пробното блокчејн гласање

Швајцарскиот град Цуг, познат како “Kрипто долина” успешно го заврши својот прв тест за локален гласачки систем базиран на блокчејн.

Како што известуваше CoinDesk на 11-ти јуни, Швајцарскиот град започна тест платформа за електронско гласање изградена со блокчејн технологија како дел од напорите на градот за нејзино прифаќање. Процесот на гласање се одржа од 25-ти јуни до 1-ви јули и ги зачувале во системот информациите за гласачките лифчиња и идентитетите на жителите кои гласале.

SWI swissinfo.ch, медиум во сопственост на Швајцарската радиодифузна корпорација, во понеделникот објави дека градскиот шеф на комуникациите, Дитер Милер, потврди дека “премиерата беше успешна”.

По позитивните резултати, Милер изјави дека “техничките детали” за гласачкиот процес ќе бидат оценети во текот на следните неколку месеци.

Според соопштението за печатот од градската влада на 25-ти јуни, целта за изградба на оваа платформа базирана на блокчејн, била да се направи гласачкиот процес “побезбеден и помалку подложен на незабележани манипулации”.

Системот за е-гласање беше развиен од Luxoft, софтверска компанија со седиште во Цуг, во партнерство со градот и одделот за компјутерски науки при Универзитетот за применети науки во Луцерн.

Истовремено, Василиј Суворов, главен службеник за технологија на Luxoft, изјави:

“Постои загриженост во врска со електронското гласање, бидејќи гласањето е основен механизам за директно гласање …. Затоа ние веруваме дека оваа технологија не треба да припаѓа на една компанија. Ќе ја градиме платформата за е-гласање со отворен код за луѓето да можат полесно да разберат каква е всушност оваа технологијата и како таа функционира. Сакаме да охрабриме повеќе луѓе да развиваат апликации базирани на блокчејн за владите во светот “.

 

Leave a comment