Крипто “во голема мера се употребува само од девелопери” известува Wall Street Journal

“Се појавија неколку материјални случаи на употреба за Биткоин (BTC) и неговата основна технологија на блокчејн”, беше објавено во статијата на 1-ви јануари од Wall Street Journal (WSJ).

Според WSJ, во 2017-та година, се случувал вистинскиот развој на крипто “во кој не губеле време да се обогатуваат”. Статијата исто така наведува дека “на почетокот на 2018-та година, прашањето било дали Биткоин би можел да доживее хајпот од 2017-та година”, и на крајот од 2018-та година одговорот беше “не”.

Енди Бромберг, основач на Coinlist – платформа за продажба на токени во согласност со регулативата, објасни дека следниот чекор за крипто е откривањето “како можеме да ја претвориме оваа технологија во производ кој луѓето би го користеле.” Сепак, според написот:

“Биткоин и стотици други дигитални валути кои се појавија во текот на годините се сè уште во голема мера употребливи само од програмери”.

Развивањето на апликации за платформата Ethereum (ЕТH) е многу помалку интуитивно отколку за другите не-блокчејн платформи, според WSJ. За Ethereum, нема комплети за девелопери кои моментално се достапни за да се изгради апликација за iOS или Android, па “градење на слична апликација за платформата Ethereum вклучува развивање на цела палета на алатки за поврзување на апликацијата со самата платформа.”

Сепак, WSJ признава дека новите институционални инвеститори би можеле да влезат во крипто просторот кога Bakkt ќе биде лансиран од Intercontinental Exchange (ICE), операторот на Њујоршката берза (NYSE).  Временската рамка за започнување на дневните фјучерси на Bakkt Bitcoin (USD) ќе биде разјаснета на почетокот од 2019-та година.

Во статијата се наведува дека “и покрај влезот на некои утврдени играчи на Волстрит, просторот изобилува со измамници”. Оваа идеја е во согласност со изјавите на ко-основачот на Stellar, Џед МекКалеб – кој неодамна изјави дека “деведесет проценти од овие проекти [ кои не се Ethereum (ETH) или Биткоин] се измама.

The Wall Street Journal неодамна објави истражување во декември, според кое стотици крипто понуди покажаа знаци на измамничка активност, непостоечки повраток и плагијат.

Leave a comment