Крипто вирусите како најопасни во некои земји

Cryptojacking, неовластената употреба на туѓ хардвер за фармање на криптовалути, стана најголема сајбер-закана во многу делови на светот, објави Bloomberg на 14-ти декември.

Според истражувањето на истражувачката компанија Kaspersky Lab за сајбер безбедноста, cryptojacking го надминало ransomware како најголема закана за сајбер-безбедноста, особено на Блискиот Исток, Турција и Африка. Во Авганистан и Етиопија над еден од четирите откриени вируси се крипто фармачи, според податоците на Kaspersky.

Како што е наведено од Bloomberg, истражувањата на Kaspersky покажуваат дека крипто-фармачките напади се зголемиле речиси четирипати во регионот, од 3,5 милиони во 2017-та година на 13 милиони оваа година. “Фирмата за сајбер-безбедност, наводно, исто така тврдеше дека инцидентите со cryptojacking “најверојатно ќе продолжат со оглед на зголемената употреба на дигитални валути”.

Извештајот објавен од страна на Kaspersky во ноември тврди дека причината за порастот на крипто штетните вируси во споредба со ransomware може “да се должи на фактот што луѓето од развојните пазари не се толку желни да платат откуп”.

Не само на персонални компјутери, туку овие неовластени вируси за крипто фармање се насочени и кон корисниците на смартфони – од периодот 2016-2017-та до периодот 2017-2018-та, овие напади, наводно, се зголемиле за 9,5 проценти.

Фабио Асолини, висок истражувач на безбедност на Kaspersky, за Bloomberg изјави дека “регионот на [Блискиот Исток, Турција и Африка] станува попривлечен за сајбер криминалците, при што финансиските и злонамерни напади на крипто фармање влегуваат во центарот на вниманието.” Асолини, исто така, тврдеше дека таквите напади стануваат се повеќе популарни, бидејќи тие се “помалку забележливи” од ransomware.

Сепак, зголемувањето на популарноста на овој вид на малициозен вирус не е глобално. На пример, оваа година забележа намалување од 15 проценти во Замбија и 11 проценти во Узбекистан, според фирмата за сајбер-безбеднст. Извештајот заклучува:

“Минатата година се прашавме што ги поттикнува сајбер криминалците? Денес, ова повеќе не е прашање. Фармањето ќе продолжи да се шири низ целиот свет, привлекувајќи повеќе луѓе”.

Cryptojacking не е единствениот начин на кој сајбер-криминалците користат криптовалути. Корисниците на популарната видео-игра Fortnite се цел на злонамерен вирус кој ги краде адресите на биткоин (BTC) паричниците.

Не само поединци прибегнуваат кон такви акции во потрага по финансиски добивки. Според една Кинеска компанија за сајбер-безбедност, по таргетирањето на крипто берзи, хакерите од Северна Кореја почнале да крадат криптовалути од поединци.

Leave a comment