Крипто берза станува спонзор на фудбалски тим од Премиер Лигата

Платформа за размена на криптовалути има склучено договор за спонзорство со фудбалски клуб од Англиската Премиер Лига и го слави својот 250.000-ти регистриран корисник.

Партнерството на CoinDeal со Вулверхемптон Вандерерс резултираше со истакнување на името на берзата на дресот на тимот, а промотивното видео кое беше објавено на почетокот на февруари стана вирално, привлекувајќи повеќе од 400.000 прегледи на YouTube.

Спотот кој трае 37 секунди, делумно снимен на теренот на Вулвс на стадионот Молинекс, кој е нивна сопственост веќе 130 години, има за цел да ја истакне брзата верификација, многуте начини на плаќање, внимателниот тим за поддршка и апсолутната сигурност што ја нуди CoinDeal.

CoinDeal вели дека рекламата, во која се појавува познатиот играч Рубен Невес, е креирана да “ги нагласи вредностите на двата света: криптовалутите и фудбалот”.

Правејќи историја

Компанијата вели дека влегла во историјата како прва крипто берза која некогаш спонзорирала тим од Премиер Лигата. Волците беа унапредени во Премиер Лигата по освојувањето на шампионатот во сезоната 2017/18 – и сега фудбалскиот тим и нивниот спонзор се дел од лига која привлекува стотици милиони гледачи.

Соработката може да помогне да се воведе нова публика за криптовалутите – поттик во потрагата по мејнстрим усвојувањето што се покажа како проблематично за индустријата. CoinDeal изјавија дека нивниот бизнис доста напреднал, и покрај тоа што започнал на предизвикувачки пазар, постигнувајќи раст, бидејќи многу од ривалите го отпуштаат својот персонал и престануваат со работење.

Катејан Маковиак, еден од тројцата Полјаци кои го основаа CoinDeal, изјави: “Вулвс се заинтересираа за криптовалутите, па така станавме фанови на Вулверхемптон. Треба да не видите во канцеларија на денот кога играат – сите сме возбудени. За време на натпреварот имаме нешто како жешка линија каде што се коментира играта”.

COINDEAL е достапна тука

Според CoinDeal, неговото брендирање на фудбалските дресови на Вулвс имало повеќе од 528.000 изложеност од 1-ви јуни до 30-ти ноември, со бруто медиумска вредност од повеќе од 18 милиони евра (23,7 милиони долари).

Динамичност и развој

CoinDeal изјавија дека, и покрај неодамнешниот пад на крипто пазарот, нивниот бизнис “динамично и постепено се развива” – и моментумот се засили понатаму со спонзорството на фудбалскиот тим.

Берзата беше лансирана во март 2018-та година. Оттогаш, тие удобно го градеа својот пат кон топ 100 крипто берзи на CoinMarketCap врз основа на обемот на трговија. CoinDeal велат дека нивниот развој е управуван од “тим на страсни крипто ентузијасти”, кои цврсто веруваат во големиот потенцијал што блокчејнот го има за финансискиот сектор.

Во моментов, CoinDeal нуди повеќе од 40 криптовалутни парови – покривајќи ги популарните средства како што се Биткоин, Eтереум и Litecoin, заедно со бројни fiat валути – вклучувајќи ги еврата, доларите, фунтите, полски злоти и руската рубља – а повеќе од нив ќе се додадат следниот месец. Берзата вели дека месечното гласање кое им овозможува на корисниците да изберат која криптовалута треба да се додаде следно на платформата е еден од начините на кои се истакнува од конкурентите.

Во февруари, CoinDeal ја започна верзијата Premium за корисниците со поголеми барања, која нуди посеопфатна контролна табла, посветени ticket-lines, приватен канал на Telegram и побрза верификација. Компанијата вели дека повеќе од 1,5 проценти од корисниците досега станаа членови на Premium.

Во блиска иднина, тимот на CoinDeal планира да го објави својот токен дизајниран за да ги отклучи новите функции на нивната платформа. Исто така, имаат планови да ги добијат сите потребни сертификати и дозволи кои ќе им овозможат да работат во САД и да се отворат за американските корисници.

Кога станува збор за безбедноста, берзата вели дека ги штити корисниците со примена на сложени барања за лозинка и автентикација со два фактора – заедно со потврди за е-мејл секогаш кога треба да се направи повлекување. Исто така и понатамошни проверки се прават кога корисникот се најавува од друга IP адреса а не истата од која обично се приклучува.

Leave a comment