Крипто берзата Huobi “најверојатно ќе лансира своја сопствена Stablecoin во 2019-та година”

Една од топ 5 крипто берзите, Huobi, планира да лансира своја сопствена stablecoin оваа година како дел од планот за 2019-та година, според соопштението за печатот на 22-ри јануари.

За време на презентацијата во Сингапур, главниот финансиски директор на Huobi изјави дека компанијата исто така ќе ја апдејтира својата трговска платформа и ќе продолжи со својата меѓународна експанзија.

“2018-та ни донесе огромни предизвици, но лично сум оптимист во врска со крипто пазарот. Мислам дека работите ќе станат подобри оваа година”, изјави Крис Ли на присутните на настанот само за членови. Наводно, по неговиот говор, Ли додал:

“Оваа година ќе биде важна за stabecoins и ние ќе бидеме дел од тоа. Најверојатно компанијата Huobi ќе започне со сопствена stablecoin во првата половина од 2019-та година”.

Како и многу други големи берзи, Huobi веќе го прифати практичниот пристап кон stabecoins, кои се крипто токени врзани за стабилна вредност, или со основна fiat валута или алгоритамски.

Само во октомври, платформата ја откри поддршката за четири stablecoins средства поддржани од Американскиот долар, плус започна сопствено “стабилно решение” кое ги агрегира сите четири.

И покрај извештаите за отпуштањата на вработените на почетокот на декември, Huobi вели дека ќе продолжи да врши притисок на нови пазари, како што е новоотворената Huobi Japan платформа.

Huobi Global моментално е рангирана како шеста најголема крипто берза со прилагодени дневни обеми на тргување, според CoinMarketCap.

Leave a comment