Крипто-анализа BTC/USD 21.12.2018

BTC/USD 21/12

Формираме опаѓачки триаголник во мини bullish тренд. Линијата што е опаѓачка е таа што треба да се пробие за да може да се оди до првиот отпор а тоа е 4180.

Ако успееме да го пробиеме тоа, цени како 4300-4400 е доста возможно да се видат. Во случај цената да пробие под 3900 со голем волумен,тогаш може да очекуваме цени како 3770 и 3650 или златната зона која е околу 3515 долари.

 

Запомнете дека се уште сме во опаѓачки тренд и имаме доста отпори за да може да се каже дека ова е дното. Ако се пробие над 4400 може да очекуваме цени до 5500 каде што е следниот голем отпор.

 

Leave a comment