Крим ќе гради блокчејн центар за анонимни странски инвестиции за избегнување на санкциите

Кримските власти размислуваат да создадат блокчејн-кластер кој ќе ги поддржува инвестициските платформи што ќе им дозволат на странските инвеститори да работат во санкционираните земји анонимно, објави  руската новинска агенција ТАSS, 16-ти ноември.

Претходно оваа недела Постојаниот претставник на Република Крим под претседателот на Руската Федерација, Георги Мурадов, веќе ги објави потенцијалните планови на владата на Крим за создавање на посебен блокчејн-кластер во регионот за вложување на капиталистички средства.

Денес, Роман Кулаченко, Претседател на Кримската Републичка асоцијација за блокчејн технологии и инвестиции, изјави дека нов меѓународен образовен центар кој работи со блокчејн технологијата како начин за избегнување на санкции може да се отвори на Кримскиот полуостров.

Според Кулаченко, овој образовен центар ќе овозможи обука на специјалисти од различни земји под санкции во блокчејн технологијата. Тој додаде:

“Постојат голем број на држави кои, како Крим, се под санкции – на пример, Јужна Осетија и Абхазија. Ги имаме истите проблеми, а центарот ќе ни овозможи да ги комбинираме напорите и да го решиме проблемот”.

Во септември, Северна Кореја беше пријавена како користи криптовалути за да ги избегне санкциите наметнати од САД, и покрај тековните ограничувања што им се наметнати за fiat средстваta.

Leave a comment