Крадел струја од железничка станица за да фарма биткоини

Еден човек во Кина беше осуден на три и пол години затвор за кражба на струја од железничка станица и за нејзино користење за фармање Биткоин (BTC), објави локалниот медиум The Paper на 8-ми октомври.

Според судските документи објавени денеска, изрекувањето на казната беше одржано на 13-ти септември во Datong Railway Transport Court во северната провинција Шанкси во Кина. Освен затвор, поединецот, локалниот Ксу Ксингхуа, наводно е казнет со 100.000 јуани (околу 14.500 долари).

Се вели дека Ксингхуа украл електрична енергија од една од фабриките на железничката пруга Кукван во ноември и декември 2017-та година за да ги напојува своите 50 биткоин фармачи и три електрични вентилатори нон стоп. Во документот се наведува дека пет од машините за фармање биле оштетени во текот на овој период.

Почнувајќи од април 2018-та година, Ксингхуа успешно фармал 3.2 Биткоин, заработувајќи 120.000 јуани (околу 17.400 долари) и направил сметка за електрична енергија од 104.000 јуани (15.000 долари).

Покрај казна затвор и парична казна, судот му наредил на Ксингхуа да ги покрие трошоците за електрична енергија и ја конфискувал неговата опрема а фармање, пишува весникот.

Обвиненијата од слична природа не се несеојдневни во Кина. Во јуни, еден човек во Кинеската провинција Анхуи беше уапсен поради обид за кражба на електрична енергија за да ги финансира своите “непрофитабилни” фармачки операции. Осомничениот се вели дека украл 150 мегавати (MW) на моќ за гориво на неколку стотици компјутери кои ги користел за фармање на Биткоин и Еthereum (ETH) – кои правеле сметка од над 6000 јуани (930 долари) дневно.

Со Кина позната како крипто-фармачка суперсила, поради изобилството на евтина енергија и хардвер, извештаите кои се појавија на почетокот од оваа година наговестуваат дека Кинеските власти беа подготвени да ја поништат биткоин индустријата.

Во меморандум од Народна банка на Кина (PBoC) до висок врв на владиниот регулатор за интернет финансирање, наводно, пишува дека фармачите на биткоин треба “мирно да ја напуштат” земјата, поради тоа што земаат “огромни количини на ресурси и стоки”.

Се вели дека регулатроното тело подоцна наредило локалните власти да ги користат сите расположливи средства во својот арсенал – вклучувајќи ги и “мерките поврзани со цената на електричната енергија, користењето на земјиштето, данокот и заштитата на животната средина” – да извршат притисок врз фармачите за да престанат со работа.

Leave a comment