Која е разликата помеѓу блокчејн и DLT?

„Блокчејн“ и „дистрибуирана ledger технологија“. Многумина од нас сме виновни што ги мешаме овие два термина и ги употребуваме наизменично. Но, и покрај тоа што нивните значења се преклопуваат во голем број области, и покрај тоа што и двата достигнаа слични нивоа на слава од bull пазарот во 2017-та година, тие не се идентични.

Да, и двата генерално се однесуваат на евиденција на информации што се дистрибуираат низ мрежа, и да, и двата поттикнуваат поголем степен на транспарентност и отвореност отколку што беше овозможено од претходните, централизирани бази на податоци или дигитални записи. Но, овде завршуваат аналогиите, бидејќи блокчејн и дистрибуираната ledger технологиј (DLT) доаѓаат со свои важни одлики.

Отвореност, децентрализација, криптографија

Постојат две големи разлики, и во зависност од тоа на која страна сте во спектарот Биткоин vs. Блокчејн, некои ги квалификуваат Биткоин блокчејн-стиловите како во голема мерка супериорни и поиновативни од нивните дистрибуирани ledger “колеги”, додека други го квалификуваат DLT како покорисен за секојдневни комерцијални цели.

На илустрацијата подолу е прикажано како двете технологии се поврзани една со друга, покажувајќи дека еден од начините за спроведување на DLT е преку блокчејн:

Прво, блокчејните се главно јавни, што значи дека секој може да ја види историјата на трансакции и дека секој може да учествува во нивните активности со тоа што ќе стане јазол. Тие се, како што се вели, „без потребна дозвола за пристап“. Ова е клучната карактеристика посочена од Марта Пиекарска, директор на екосистем во Hyperledger. Според Пиeкaрска:

„Прво и најважно: за едниот не треба дозвола за пристап, а за другиот да. Ова значи дека во првиот случај секој може да учествува во мрежата, во другиот: само избрани учесници имаат пристап до неа. Ова ја утврдува и големината на мрежата: Биткоин сака да расте бесконечно, додека во дозволениот простор на блокчејн, бројот на учесници е помал“.

Едноставно кажано, јавниот аспект на блокчејн генерално подразбира три меѓусебно поврзани работи: 1) Секој може да го користи блокчејн, 2) секој може да послужи како потврден јазол на блокчејнот, и 3) секој што станува јазол може  да дејствува како дел од механизмот за управување со блокчејнот. Теоретски, ова ги прави блокчејните децентрализирани и демократски структури отпорни на непотребна контрола или влијание од која било единствена партија.

Спротивно на тоа, дистрибуираниот ledger генерално не дозволува никакви или повеќето од овие јавни карактеристики. Ограничува кој може да го користи и да пристапи до него (оттука и е наречен “permissioned” затоа што ви треба дозвола за пристап) и исто така ограничува кој може да работи како јазол. И во многу случаи, одлуките за управување се препуштени на единствена централизирана компанија или тело. Споредено со идеалот за јавен, децентрализиран блокчејн, тој постои единствено за да служи на интересите на концентрирана група на комерцијални играчи.

Подолу е прикачена слика која детализира како се структурирани централизирани, децентрализирани и дистрибуирани мрежи:

И тука е втората главна разлика. Како што се подразбира во името, блокчејните се состојат во серија временски запечатени „блокови“ кои ја снимаат тогашната моментална состојба на целокупниот блокчејн / криптовалутата и кои треба да бидат криптографски верификувани од мнозинството учесници во мрежата за да се формира следниот влез во синџирот. Како што објасни девелоперот на Bitcoin Core, ова обезбедува поголемо ниво на безбедност за блокчејнот, сè додека потребата за криптографски консензус ги отежнува лажните трансакции.

Меѓутоа, додека некои дистрибуирани ledgers не се криптографски валидни синџири на блокови, вреди да се нагласи дека некои се – или дека сè уште имаат криптографски консензус. На пример, додека главниот ledger на R3 наречен Corda не содржи синџир на блокови, тој сепак се потпира на јазли што постигнуваат консензус за време на временски одредени трансакции. Поради ова, треба да се потенцира дека има навистина само една суштинска разлика помеѓу блокчејни и дистрибуирани ledgers, а тоа е дека за едниот е потребна дозвола за пристап, а за другиот не. Михал Зајда, блокчејн архитект на Aeternity blockchain, изјави:

„Единствената разлика помеѓу приватните и јавните блокчејни е опсегот на достапност. Лесно можам да замислам распоредување на Биткоин протоколот во приватен cloud што служи само за мала група на корисници. Основната разлика овде е помеѓу блокчејните за кои не е потребна дозвола – како Биткоин, и дозволените. За оние кои не треба дозвола, не мораме да ја предадеме цела наша доверба на ниту една трета компанија за да го работи фер и искрено“.

Но, под претпоставка дека дистрибуираниот ledger е приватен и не е временски одреден синџир на блокови што е резултат на криптографски консензус, тој честопати претставува прилично конвенционална база на податоци што случајно се дели меѓу одредена група на учесници. Ова е поентата што ја докажа Фил Чен, шеф на децентрализација во HTC Exodus. Тој изјави дека разликата помеѓу јавните и приватните блокчејни е огромна:

“Во сферата на бизнис претпријатијата, луѓето зборуваат за приватни блокчејни, кои технички не се блокчејни, но се подобар систем за управување со база на податоци. Како и да е, тој има продуктивни придобивки; Јас го нарекувам иновација 9 од 10, додека јавните блокчејни како Биткоин и Eтереум се 0 од 1 иновации кои целосно го менуваат начинот на кој размислуваме и користиме пари и пресметки. Биткоин е вистински јавен блокчејн кој е отворен, неутрален, отпорен на цензура и безграничен. И дистрибуираните ledgers едноставно се бази на податоци за кои ви треба дозвола“.

Приватност, скалабилност

Но, како што се објаснува во изјавата на Чен, иако блокчејните се веројатно супериорни во однос на дистрибуираните ledgers, DLT сепак може да биде корисен додаток на технолошкиот арсенал на глобалната економија, особено во случаи во кои би било паметно да се искористи вистински јавен и децентрализиран блокчејн. Алм додаде дека:

“Најсилниот аргумент за приватниот блокчејн се чини дека е кога еден куп банки ќе се соберат и ќе создадат систем за меѓусебен трансфер на пари. Во овој случај, ниту една банка не би била задоволна од тоа друга банка  да ја “одржува”нивната база на податоци, така што еден заеднички блокчејн контролиран од  никого има смисла“.

Покрај ова, приватноста на приватните ledgers е очигледна придобивка за секоја компанија која сака да ги заштити своите деловни активности или податоци за клиентите. Сепак, главниот шеф на трговија во Energy Web Foundation, Џеси Морис, тврди дека, дури и овде, приватноста на јавните блокчејни всушност може да биде многу посилна отколку што сфаќаат некои луѓе. Тој изјави дека:

“Заедничката критика за јавните синџири е поврзана со приватноста (на пример, деталите за секоја трансакција се познати на сите). Оваа критика не признава два едноставни факти: 1) секоја dApp може да заштити одредени детали за трансакцијата, само со пренесување на мал дел на потребни информации низ синџирот додека чувствителните податоци се чуваат надвор од него и 2) дури и во приватните мрежи, се користат функции за зачувување на приватноста за да се заштитат чувствителните информации од учесниците на приватниот блокчејн и истите овие мерки за зачувување на приватноста (на пр. EY Nightfall) почнуваат исто така да се користат и за јавни блокчејни.“

Со други зборови, постои признание дека јавните блокчејни потенцијално нудат многу од истите придобивки кои ги нудат нивните приватни ривали. Се разбира, приватните ledgers сè уште генерално ја имаат предноста од тоа да бидат контролирани од компаниите кои ги користат – а за големите мултинационални банки кои сакаат да имаат контрола над нивните процеси, ова очигледно е голем плус.

Исто така, постои многу видлива придобивка од подобрената скалабилност, бидејќи, како што споменавме погоре, дистрибуираните ledgers честопати се споделени, но главно централизирани бази на податоци. Како такви, тие можат да обработуваат стотици – ако не и илјадници – трансакции во секунда, додека децентрализираните блокчејни, како што е Биткоин, се борат со седум трансакции во секунда, и сè тоа додека трошат огромни количини електрична енергија. Ова е можеби главната придобивка што ја нудат дистрибуираните ledgers, па дури и ако тие не нудат многу децентрализација и транспарентност како претходните системи на база на податоци, и тоа е една од причините зошто тие во иднина ќе продолжат да се користат.

Leave a comment