Која е разликата помеѓу блокчејн и база на податоци?

Разликата помеѓу традиционалната база на податоци и блокчејнот започнува со нивната архитектура, или како се оркестрираат технологиите.

База на податоци што работи на World Wide Web најчесто користи клиент-сервер  мрежна архитектура.

Корисникот (клиент) со дозволи поврзани со неговиот акаунт може да ги промени записите што се зачувани на централизиран сервер. Со менување на “главната копија”, секогаш кога некој корисник ќе пристапи до базата на податоци користејќи го нивниот компјутер, тие ќе ја добијат апдејтираната верзија на базата на податоци. Контролата врз базата на податоци ја имаат администраторите, овозможувајќи пристапот и дозволите за одржување како централно тело.

Ова воопшто не е исто како и со блокчејн.

Во блокчејната база на податоци, секој учесник одржува, пресметува и апдејтира нови записи. Сите јазли работат заедно за да обезбедат дека сите доаѓаат до исти заклучоци, обезбедувајќи вградена сигурност за мрежата.

Последиците од оваа разлика е тоа што блокчејните се добро прилагодени како систем за евиденција за одредени функции, додека централизираната база на податоци е сосема соодветна за други функции.

Децентрализирана контрола

Блокчејните им овозможуваат на различни страни кои не си веруваат едни на други да споделуваат информации без да бараат централен администратор. Трансакциите се обработуваат од страна на мрежа на корисници кои дејствуваат како консензуален механизам, така што секој го создава истиот заеднички систем на евиденција истовремено.

Вредноста на децентрализираната контрола е дека ги елиминира ризиците од централизирана контрола. Со централизирана база на податоци, секој со доволен пристап до тој систем може да ги уништи или корумпира податоците кои што се наоѓаат во неа. Ова ги прави корисниците зависни од администраторите.

Некои администратори ја оправдале довербата, во најголем дел. На пример, народните пари не се украдени од банките кои ги чуваат парите во приватни бази на податоци. И, постои логична причина зошто би сакале централизирана контрола. Централизирана контрола може да биде специјализирана баш за ваков случај.

Но, тоа исто така, значи дека оние со контрола, како што е банката, треба да потрошат милијарди долари, за да ги зачуваат овие централно чувани бази на податоци од напади на хакери или некој друг кој би сакал да профитира од загубата на нечиви туѓи пари. Ако централните администратори во кои имаме доверба, не успеат да ги задржат овие информации тајни, тогаш сме изгубиле.

Историја

Повеќето централизирани бази на податоци чуваат информации што се апдејтираат во одреден момент. Тие повеќе или помалку се слика на момент во времето.

Блокчејн базите на податоци можат да ги задржат информациите што се релевантни сега, но исто така и сите информации од претходно. Блокчејн технологијата може да креира бази на податоци кои ја содржат историјата за самите себе. Тие растат како постојано проширување на архивите на сопствената историја, истовремено обезбедувајќи слика за податоците во реално време.

Перформанси

Додека блокчејните може да се користат како системи за евиденција и се идеални како трансакциски платформи, тие се сметаат за бавни бази на податоци кога се споредуваат со технологијата на дигитална трансакција што ја гледаме денес со Visa и PayPal.

Додека сигурно ќе има подобрувања на ова поле, природата на блокчејн технологијата бара да се жртвува некоја брзина. Начинот на кој дистрибуираните мрежи работат во блокчејн технологијата значи дека тие не ја делат и сложената процесорска моќ, секој од нив самостојно ја сервисира мрежата, а потоа ги споредува резултатите од нивната работа со останатите мрежи додека не се постигне консензус дека нешто се случило.

Централизираните бази на податоци, од друга страна, постојат со децении, и нивните перформанси постепено се зголемувале бо чекор со формула која ги дефинира иновациите во дигиталната ера: Муров закон.

Доверливост

Биткоин е write-uncontrolled, read-uncontrolled база на податоци. Тоа значи дека секој може да напише нов блок во синџирот, и секој може да прочита блок во синџирот.

Блокчејн кој бара овластување за влез, како централизирана база на податоци, може да биде write-controlled и read-controlled. Тоа значи дека може да се постави мрежа или протокол,во кој само одредени учесници може да пишуваат во базата на податоци или да ја прочитаат базата на податоци.

Но, ако доверливоста е единствената цел и довербата не е проблем, блокчејните дата бази не претставуваат предност во однос на централизирана база на податоци.

Криењето на информација на блокчејн бара многу криптографија и поврзан компјутерски товар за јазлите во мрежата. Не постои начин да се направи ова поефективно отколку едноставно да се скријат податоците целосно во приватна база на податоци која дури и не бара мрежна поврзаност.

Помислете на сите бази на податоци во кои Итан Хант успеа да влезе во филмовите “Невозможна мисија” и можете отприлика да добиете слика за видот на доверливост кој е можен во приватните бази на податоци.

Leave a comment