Кошаркарски тим Sacramento Kings фармаат ethereum со кој финансираат стипендии за технолошко образование

Кошаркарскиот тим Sacramento Kings се здружи со хардверската фирма која што фарма крипто за да може да инсталира машини за фармање во затворена арена, со чијашто крипто заработка ќе финансираат програма за добивање на стипендии, објави локалниот весник The Sacramento Bee вчера, на 28-ми јуни.

“Кралевите” соработувале со компанијата MiningStore за инсталација машини за фармање на ethereum (ETH) Golden 1 Center арената на тимот. Сите крипто приноси ќе одат за повеќегодишната програма за стипендии MiningForGood, која весникот Sacramento Bee ја опишува како добротворна организација за технолошко образование и развој на работна сила во Сакраменто. Првиот примател на средствата од “кралевите” наводно, ќе биде иницијативата за Афроамериканските заедници во Сакраменто наречена “Build. Black. Coalition.”

Вивек Ранадив, главниот сопственик на “кралевите”, рече дека програмата за стипендија од фармањето  има за цел “да ја инспирира следната генерација на мислители и овие мислители да создадат промени во сопствената заедница и низ целиот свет”, Ранадив ги нарекува овие крипто-планови на тимот “иновативни”, наведувајќи:

“Можноста започнува кога технологијата му овозможува на светот да најде иновативни решенија за сложени проблеми”.

Фармањето на еthereum за добротворни цели веќе е пробано низ целиот свет. Во февруари, УНИЦЕФ Австралија побара од компјутерските гејмери да фармаат ETH во нивното слободно време како донација за сириските деца, а ко-основачот на еthereum, Виталик Бутерин, донираше 2,4 милиони долари во ETH за финансирање истражувања против стареење.

Sacramento Bee забележува дека “кралевите” почнаа да го прифаќаат биткоин (BTK) за нивната тимска продавница во 2014-та година, откако се здружија со BitPay.

Leave a comment