Користење на блокчејн за: Гласање

Гласањето за било што е еден од најважните начини за да се обезбеди фер застапеност и еднаков глас при донесувањето одлуки. Колку е поголемо значењето од одлуката, толку повеќе луѓе учествуваат во процесот. Но, може да стане тешко за прецизно и ефикасно да се следи правото и легитимноста на секој избирач за учество во гласањето. Згора на тоа, постојат и други прашања, вклучувајќи недостаток на транспарентност и потенцијална корупција, која многу ги обесхрабрува гласачите. Ајде да научиме за тоа како блокчејнот може да ги реши овие прашања и да оптимизира како гласаме.

Како функционира

Пред да навлеземе во тоа како точно би помогнал блокчејн да гласаме, ајде прво да го видиме начинот на блокчејн функционира во гласањето. Прво, процесот на регистрација на гласачите сепак треба да се одвива надвор од мрежата или надвор од синџирот. Откако одговорното тело за регистрација на гласачи ќе утврди дека некој има право да гласа, тие ќе добијат токен или клуч што ќе им овозможи да гласаат точно еднаш. Ова е истиот механизам кој се користи за да се осигура дека проблемот со двојно трошење на блокчејнот не постои, но овојпат во случај на гласање.

Плус, целиот процес на гласање ќе биде децентрализиран, што значи дека не постои централно одговорно тело на кое мора да му се верува да спроведе избори праведно и сигурно. Секој може да учествува и да стане јазол во системот – се додека тие ги исполнуваат условите кои се потврдуваат за време на регистрацијата – кои заедно ќе се осигураат дека системот е достапен нон стоп во текот на траењето на изборите и дека гласовите се бројат правилно.

Регистрацијата на избирачите мора да биде завршена надвор од блокчејнот. Прифатените гласачи можат да добијат токен што може да го користат за да гласаат точно еднаш, за да не дојде до двоен гласачки проблем, како и за целосна безбедност при гласањето.

За проблемите околу безбедноста

Особено од скоро, безбедноста при гласањето беше тешка дебата меѓу сите луѓе. Од политички до технолошки перспективи, сите се согласуваат дека одржувањето на избори што е можно посигурно и потранспарентно ќе биде најдобриот начин тие да се изведат. Како таква, блокчејн технологијата има способност да воведе систем кој навидум е невозможно да се хакира.

Со блокчејн, гласањето може да се потврди веднаш по завршувањето, за да можат службените лица да бидат сигурни дека гласовите се бројат правилно. Ова може да се постигне без потреба од централно тело кое ги надгледува резултатите, како што во моментов имаме во системот. Во блокчејн системите не постои централно тело, што е поентата на постоење на дистрибуиран ledger систем. Како такво, секое гласање кое се брои мора да биде целосно потврдено, и целосно да се осигура дека нема ризици од нарушување на безбедноста.

Со блокчејн, секој глас што се брои треба да биде целосно и точно потврден. Ова значи дека надлежните можат да ги потврдат резултатите од гласањето веднаш штом ќе завршат.

Транспарентни избори

И на крај, можеме да обезбедиме целосна транспарентност преку интеграција на блокчејн системи во начинот на кој гласаме. Со прифаќањето платформи за гласање со отворен код, секој може вистински да ја провери неговата функционалност за да се осигура дека ја прави неговата работа правилно и прецизно. На овој начин, нема да има потреба за централен орган да се вклучи во процесот.

За време – дури и во најнапредните демократии – кога се критикува безбедноста и транспарентноста на гласањето поради наводите за измама и корупција, сосема е важно општеството да ја користи технологијата за да обезбеди целосна валидност во системот. Блокчејн технологијата има способност да го стори тоа, но сепак ќе помине време пред навистина да се превземе нешто. Мнозинството политичари и луѓе воопшто сè уште не ги разбираат целосно придобивките зад оваа технологија, разбирање кое мора да постои за воошто да се појави блокчејн систем за гласање.

Системите за гласање базирани на блокчејн обезбедуваат целосна транспарентност со елиминирање на потребата за вклучување на централните власти. Технологијата потенцијално може да биде одговор на прашањето како да се одржат изборите и гласањето што е можно посигурно.

Заклучок

Со оглед на тоа што нашето општество во моментов смислува нови иновации и напредува, важно е да ја искористиме нашата технологија за да се осигураме дека нашите процеси на гласање се колку што е можно посигурни. Најдобриот начин да се направи тоа е да се истражат потенцијалните намени на блокчејнот за да се подобри целокупниот изборен процес. Со ова ќе се ослободиме од потребата од било кој централен орган за потврдување и легитимизација на гласовите. Наместо тоа, дистрибуираната ledger технологија го прави тоа автоматски, осигурувајќи дека секој глас е реален и потврден. Можеби ќе биде потребно време за сите да го разберат и почнат да го употребуваат блокчејнот, но тоа е нешто што треба да очекуваме додека нашето општество расте и напредува.

Leave a comment