Коосновачот на Ethereum Џозеф Лубин: Крипто-цените нема да го ограничат понатамошниот раст

Коосновачот на Ethereum и извршен директор на ConsenSys Inc., Џозеф Лубин, во интервјуто за Bloomberg на 14-ти август, изјави дека не го гледа неодамнешниот колапс на криптовалутите како пречка за понатамошен раст.

Во неодамнешната дискусија за состојбата на крипто-пазарот со Bloomberg, Лубин рече дека наглото опаѓање на вредноста во изминатата година бил само уште еден bubble како и претходните “шест големи bubbles, сепоепски од претходниот, а секој bubble е зачудувачки кога ќе се случи.”

Тој додаде дека на тесен начин тие врвови изгледаат како “точки на табелата”. Лубин изјави дека секој bubble, како што е сегашниот, доведе до значителен скок во активностите. Тој изјави:

“… градиме пофундаментална инфраструктура, гледаме корекција, а потенцијалот станува уште поимпресивен … Апсолутно очекувам дека постои силна корелација помеѓу растот на цената и растот на основната инфраструктура во екосистемот и растот на неговиот развој. Ние сме веројатно две скалила погоре во развојот отколку што сме биле пред осум или десет месеци.”

Лубин припишува нестабилност на “неколку типови на трговци”, односно шпекулативни инвеститори, велејќи дека тоа не е нужен показател за основните инфраструктурни подобрувања. Кога беше прашан како влијае нестабилноста врз цените, Лубин одговорил:

“Значи, можеме да ја разгледаме цената и да според нејзе да направиме планови за раст и проекти, и ние всушност се уште сме во тек. Значи ова не е неочекувано.”

Вчера, Ethereum (ETH) падна на најниско ниво во последните 9 месеци, а тргуваше со 288 долари. Последен пат alt coin-от падна под цената на 300 долари во почетокот на ноември 2017-та година. Утрово загубите се зголемија на 16% во текот на денот и речиси 35% во текот на минатата недела. Во моментов, ETH тргува со околу 263 долари, што е намалување за 7% во текот на денот, со пазарна капитализација над 26 милијарди долари.

Leave a comment