Коосновачот на Airbnb учествува во собирањето на 23 милиони долари за крипто-стартап

Платформата за крипто-размена SFOX, го прогласи за завршен финансискиот круг од серијата А, вредна 22,7 милиони долари, со учество на коосновачот на Airbnb, Натан Блечарзик, според соопштението од 16-ти август.

Коосновачот и партнер во Tribe Capital и Social Capital, Арџун Сети, го предводеше настанот за финансирање на серијата А за платформата SFOX со седиште во САД, со учество од Y Combinator, Khosla Ventures, Digital Currency Group, Blockchain Capital и Блечарзик.

Во соопштението се истакнува дека крипто-платформата цели кон своите услуги кај “големите инвеститори, како што се фондови, семејни канцеларии и поединци со висока нето вредност” и до денес има повеќе од 9 милијарди долари во обем на трансакции.

Сети во соопштението за печатот изјави дека способноста на институциите да “тргуваат од една сметка” и “купуваат и продаваат големи количини без да влијаат на цените” е “токму она што институционалните инвеститори бараат да прифатат од криптовалутите […] како што екосистемот станува се повеќе фрагментиран.”

Medium post на компанијата забележува дека целта на финансирањето е да се додадат крипто-парови, да се подобри протекот на тргување и да се прошират во “нови географски региони”.

Претходно оваа недела бизнис блокчејн стартапот Axoni собра 32 милиони долари во еден финансиски круг предводен од Goldman Sachs и Nyca Partners, и други инвеститори, вклучувајќи Wells Fargo, JPMorgan, Citigroup и Андресен Хоровиц.

Во јули, филијалата на General Electric (GE)  се приклучи на инвестициониот круг во вредност од 12 милиони долари за блокчејн стартапот Xage Security, заедно со City Light Capital и NexStar Partners.

 

Leave a comment