Конференцијата за крипто игри ja најави Blockchain Cuties како најдобра крипто игра во светот

Првата меѓународна конференција за крипто игри, посветена на игри и гејмерски услуги, базирани на блокчејн технологија и криптовалути, се одржа во Минск на 17-18-ти октомври 2018-та година. Имаше повеќе од 600 учесници од 25 земји кои го споделија своето блокчејн гејмерско искуство исто така за да помогнат да се донесе оваа индустрија до светско признавање. Бидејќи блокчејн игрите се нов тренд, сите кои веќе биле вклучени, се осигураа дека стекнатата синергија ќе резултираат со некоја длабока импликација и неопходно глобално усвојување на крипто игрите.

65 меѓународни говорници го презедоа водството во работењето на фондацијата за крипто игри. Следната генерација на девелопери на крипто игри ќе ги надмине сите сомнежи базирани на нивните иновации врз знаењата стекнати од денешните претставници на оваа индустрија.

За време на Конференцијата за крипто игри имаше жестока конкуренција, во која играта Blockchain Cuties победи на натпреварот како најдобра крипто игра! Меѓу 100-те крипто игри кои беа претставени Blockchain Cuties го зема првото место!

Владимир Томко е извршен директор и производител на играта Blockchain Cuties и даде презентација за моменталната состојба на пазарот за крипто игри. Вистинскиот разговор околу крипто игрите е даден подолу, заедно со неверојатна историска позадина.

Од 650+ крипто игри во светот, постојат 3 кои се многу важни и кои го предизвикаа подемот на крипто игрите.

Историјата е напишана од победниците

Историјата на крипто игри во 3 кратки поглавја.

Поглавје I

На 2 јуни 2017-та година CryptoPunks излезе како прва блокчејн игра која некогаш постоела. Правилата беа основни – да се соберат и нудат punks за продажба. Во исто време, трагичниот дел од индустријата за крипто игри беше нејзиниот патетичен систем на плаќање, кој не беше универзален. Играчите мораа да најдат други играчи за да постигнат договор. И покрај овој факт, крипто punks успеаја да имаат позитивна стапка на поврат на инвестиции (ROI).

Глава II

На 28 ноември 2017-та година CryptoKitties ориентирајќи се според CryptoPunks создаде вредна крипто игра. Се испостави дека е производ со висок квалитет. CryptoKitties измисли нов вид на работа, како што е networking lag на Ethereum. Тие го создадоа пазарот и ги натераа луѓето да веруваат дека крипто игрите не се само носталгично слободно време кое ве фрла назад во детството.

Поглавје III

Во април 2018-та година официјално беше пуштена во употреба крипто колекционерската игра Blockchain Cuties. Всушност, од горенаведената игра беа превземени карактеристиките за одгледување, но анимираните гуштери, кученца, мечки и други вистински и фантастични суштества никогаш не биле претставени претходно. Секој cutie има свој уникатен геном кој играчите го декодираат за да добијат ретки и вредни cuties. Играчите треба да одлучат дали да ја одгледуваат својата лична војска за да ги испратат на авантури или да ги пласираат cuties на пазарот со цел да се продадат за пристојна цена. Секој атрибут на cutie како мустаќи, коса, боја на очите и сл. директно влијае на вкупната вредност и перформансите на едно cutie.

Играта, исто така, има специјални roll-the-dice битки, кои би можеле да ја доведат до формат на стратегија во блиска иднина. Овој факт може да обезбеди нов почеток за развојот на крипто игрите.

Современа уметност на крипто игри

Повеќето блокчејн игри го користат блокчејнот на Ethereum и ERC-721 токен стандардот. Тие се прилично едноставни за играње. Тие користат metamask која е Ethereum wallet што доаѓа како екстензија на Chrome, Firefox и Opera. На мобилен таа е Toshi, Cipher, Trust wallet или статус во бета верзија.

Квалитетот на крипто игрите е генерално навистина лош. Ова може да се должи на лудата побарувачка што ги прави девелоперите на игри да влетаат без внимателно да се подготват. Така да, ако се почитуваш себе си, не конзумирај лоша графика и недостаток на приказна во играта.

Да ги знаете е да ги сакате

Кина и САД се топ 2 земји во кои се играат крипто игри. Вистинската публика на крипто игри е приближно 2 милиони корисници. Проценетиот DAU во Top Game е околу 14.000 корисници. Овој број е искалкулиран од вкупниот износ на wallets и дневните трансакции.

Кои се овие 2 милиони?

  • Десктоп корисници
  • Крипто ентузијасти
  • ICO инвеститори
  • Трговци
  • Најчесто мажи 25+
  • Дистрибуирани гео
Време е за вистински муабет

Ние треба да нагласиме дека не е возможен напредок без соочување со стравот од неуспех. Крипто игрите не се перфектни. Знаејќи ја слабата страна да се инвестира во вашето време, пари и енергија во нивното зајакнување е дефиниција на потребниот успех во наредните години. Ајде да се справиме со ова!

Проблеми на индустријата за крипто игри:

  1. Нема вистинска стратешки игри. Нема соодветни RPG игри досега. Уште нема соодветни кежуал игри.
  2. Играњето на мобилен сега е можно, но усвојувањето е доста бавно. Играчите не можат да платат крипто за директиви во app Store, во спротивно апликацијата ќе се отстрани од App Store. Понекогаш постојат fiat-исплати во апликацијата и посебни крипто плаќања во различна апликација или на веб-страница.
  3. Играчите треба да бидат внимателни кога ќе одлучат да и веруваат на секоја крипто игра што ја гледаат. Треба да се сомневаме во игра која нема доволно публицитет, вистинска активност во заедницата и да не споменеме некои тимови кои претпочитаат да останат скриени. Секогаш имајте на ум дека само играчите треба да ја направат својата длабинска анализа.

Можности на индустријата за крипто игри:

  1. Пазарот расте, има многу можности да се користат крипто средства, особено преку трговски услуги. На пример – OpenSea, OPSkins, BitGuild. Блокчејн игрите нудат разменливи содржини и на платформата и надвор од платформата (во играта и надвор од неа).
  2. Транспарентност на кодот.
  3. Зголемување на побарувачката на пазарот за средствата за игри. Крипто колекционерски предмети се 100% сопственост на играч. Тие се сметаат за вредна валута затоа што луѓето секогаш купуваат она што може потоа да продадат.
Иднината пристигна

Сите корисни согледувања ги сподели Владимир Томко, извршен директор и продуцент на Blockchain Cuties, која е најдобра крипто игра во светот според Crypto Games Conference.

Blockchain Cuties е пред другите игри поради многу причини. Зборовите се моќни, но дали тие би можеле да бидат во тек со вистинското возбудување да поседувате воинствен cutie стратешки вооружен на единствениот начин на кој верувате дека е вистински за за освојување на битка. Играта има најразновиден избор на cuties за левелирање и авантуристички пејзажи каде можат да се здобијат со борбено искуство.

Важно е да се напомене дека Blockchain Cuties е позната по својата силна заедница. Играчите со различни нивоа на искуство ги споделуваат своите идеи, победи и размислувања на групен чет. Секогаш можете слободно да го насочите своето прашање во четот, каде што вистинските корисници со помош на техничка поддршка се секогаш таму за да се поддржуваат еден со друг.

Се гледаме во играта!

Leave a comment